Контакт

Топ

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Објавено пред

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во 17:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди добиени од пиштол е донесен З.А.(30) од с.Мојанци, општина Арачиново.

Осомничен е Б.Р. (28) од с. Брест, кој според првичните сознанија, пукал во З.А. откако претходно братот на повредениот со стап го нападнал и му нанел повреди на таткото на Б.Р. на пасиштата над село Арачиново, по расправија околу напасувањето на добитокот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Свет

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Објавено пред

Осум лица, меѓу кои и четири деца, погинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.Во пожарот настрадале обвинителот Василиј Федорцов од блискиот град Лесосибирски и неговото семејство, како и семејството на неговата сестра.

Пожарот избил синоќа околу 22.30 часот на третиот кат од една станбена зграда, а пожарникарите на терен излегле осум минути по повикот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Објавено пред

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица беше одложено поради отсуство на еден од обвинетите кој не можел да присуствува на судењето поради оперативен зафат. Следното рочиште е закажано за октомври.

Првото рочиште за овој случај се одржа пред две недели. За тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот обвинети се сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари, кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер, порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, исто така и Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски.

Обвинителот Дарко Јакимовски во воведните зборови рече дека судиите ќе судат за катастрофалните последици, кои можело и морало да бидат избегнати.

„Дејствата на овие обвинети се во директна врска со настапената последица, која резултира со смрт на 16 лица, патници во автобусот, а 38 лица добија телесни и тешки телесни последици. Не постои криминален ребус што не може да се одгатне. Овој настан е кумулација на голем број пропусти што не настанле спонатно“, рече Јакимовски.

Прикажи повеќе...

Економија

Холандија: Бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Објавено пред

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност во тој период паднала на 3,3 отсто, покажуваат податоците на Државната агенција за статистика (ЦБС).

Вкупниот број на слободни работни места пораснал на 284 илјади, додека по првите шест месеци од оваа година бројот на невработени бил намален за 11 илјади на 305 илјади.

Според податоците на ЦБС, сега има трипати повеќе слободни работни места отколку во 2013 година во екот на последната економска криза.

Најмногу слободни работни места има во ИТ секторот, градежништвото и угостителството.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, погинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 час

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица беше одложено...

Економија1 час

Холандија: Бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион1 час

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ2 часа

Поднесено обвинение за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката која ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет2 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет2 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион13 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион15 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија16 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија21 час

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија22 часа

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет23 часа

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија24 часа

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура2 дена

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија2 дена

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт2 дена

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа2 дена

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Досие