Контакт

Топ

Семејна драма во Кочани, убиен 55-годишен маж

Објавено пред

Педесет и петгодишен маж е пронајден мртов со убодна рана во градите во неговиот дом во Кочани. Утрово, во 5.20 часот, Д. С. (30) од Кочани пријавил дека во семејниот дом на улицата Климент Охридски во Кочани, татко му В. С. (55) со остар предмет ја нападнал мајка му Н. С. (46).

Според информациите, мајката добила повреди и била пренесена во болницата во Кочани.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што пронајдено е безживотното тело на В. С. со убодна рана во пределот на градите. Во тек е увид од страна на јавен обвинител и екипа на ПС Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Објавено пред

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор, предложи денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик“, додава тој.

Како што вели Мицкоски, бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата и затоа мора бремените жени да се заштитат од овој ризик.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност која не је препознавам

Објавено пред

Првата дама на САД, Меланија Трамп вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло појавување како дел од кампањата на Трамп.

На почетокот на својот говор, таа ја коментираше комуникацијата на Трамп со јавноста преку „Твитер“ и рече дека не секогаш се согласува со начинот на кој ги претставува работите.

„За прв пат во историјата, граѓаните на оваа земја можат да го слушаат нивниот претседател директно и секојдневно преку социјалните мрежи. Јас не секогаш се согласувам со начинот на кој тој ги кажува работите, но важно е тој да разговара директно со луѓето на кои им служи“, рече Меланија.

Таа нагласи и дека медиумите создале поинаква слика за него.

„Доналд има големо срце и одлична смисла за хумор. Тој сака да им помага на луѓето. Но, кога реши да се кандидира за претседател како републиканец, медиумите создадоа поинаква слика за него – онаа што јас не ја препознавав. Неговите приврзаници се третирани со ист презир“, кажа Меланија додавајќи дека медиумите одлучиле да се фокусираат на приказни за разни озборувања и интриги.

„На пример, главната цел на мојата иницијатива ‘Биди најдобар’ е да им помагам на децата. Сепак, медиумите избраа да им го одземат фокусот на децата и да се фокусираат на негативни работи. Но, тоа нема да ме спречи во мојата намера да правам добро”, заклучи Меланија.

Прикажи повеќе...

Свет

Турција остро ја осуди карикатурата на Ердоган во „Шарли ебдо“

Објавено пред

Водечките турски претставници ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во денешното издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.

Анкара вели дека чинот е одвратен обид за ширење културен расизам и омраза.

Турскиот гнев поради карикатурата уште повеќе ги затегна односите меѓу Турција и Франција, а сè започна поради цртаните филмови со пророкот Мухамед, поради што тинејџерот му ја отсече главата на својот професор во Париз минатата недела, наведува „Ројтерс“.

Ние најостро ги осудуваме карикатурите на нашиот претседател во едно француско списание кое не почитува ниту една религија. Ништо не им е свето, немаат никакви вредности“, напиша на „Твитер“ портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин.

Тој додаде дека во „Шарли ебдо“ покажале само колку се вулгарни и неморални.

„Нападот на нечии приватни ставови не е хумор, ниту е слобода на изразување“, додаде тој.

На насловната страница на „Шарли ебдо“ се гледа Ердоган кој седи во бела кошула и долна облека, држи лименка пијалак и држи здолниште на жена во хиџаб, на која и се гледа задникот.

Фахретин Алтун, главен портпарол на Ердоган, рече дека антимуслиманската пропаганда на Макрон вродила плодови.

„Го осудуваме најгрозоморниот чин предизвикан од најновата карикатура, која шири расизам и омраза“, напиша Алтун на „Твитер“.

Ердоган го критикуваше Макрон во саботата, велејќи дека треба да оди на преглед на главата.

Од друга страна, францускиот претседател во некои медиуми во арапскиот дел на светот, се појави насликан како ѓавол.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет2 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност која не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Свет2 часа

Турција остро ја осуди карикатурата на Ердоган во „Шарли ебдо“

Водечките турски претставници ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во денешното издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“....

Македонија3 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет3 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет3 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет3 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа3 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет14 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија15 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа16 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија17 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија18 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија19 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт21 час

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет21 час

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет22 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија22 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука1 ден

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија1 ден

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Досие