Контакт

Црна хроника

Се превртело комбе полно со мигранти, повредени се 33 луѓе

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи  врши увид на местото викано Пржедски споменик, кој се наоѓа на потегот меѓу Демир Капија и Прилеп, каде попладнево се преврте комбе во кое биле превезувани мигранти.

Според првичните информации, возачот, 24-годишен велешанец, ги превезувал мигрантите во комбе марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на лице од Арачиново. Движејќи се на автопат од Гевгелија во правец кон Скопје, возачот забележал дека е следен од полициски службеници. Во обид да побегне, тој се префрлил на совозачкото седиште, ја отворил вратата и скокнал на автопатот додека возилото се движело. По инерција комбето продолжило да се движи следните 40 метри, а потоа се превртило и паднало во бездна со длабочина од 14 метри. Во несреќата со повреди се здобиле сите 33 патници мигранти, меѓу кои неколкумина се малолетници. Повредените, од кои дел со особено тешки повреди, се пренесени со медицински екипи во најблиските здравствени установи во Неготино и Кавадарци.

Возачот, кој откако скокнал од возилото паднал во бездната, се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е пренесен на скопските клиники.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во континуитет ги презема потребните дејствија за целосно расчистување на настанот.​

Црна хроника

Србин и Турчин приведени на скопскиот аеродром

Објавено пред

Државјани на Србија и Турција биле приведени на скопскиот аеродром на 22 август, во два одделни случаи.

Како што информираат од МВР и двајцата се наоѓале на листата на лица за апсење.

Србинот на возраст од 24 години и 61-годишниот Турчин биле идентификувани при пасошки контроли на аеродромот.

Двајцата се приведени и предадени на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Нападната вработена на Токсикологија

Објавено пред

Вработена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ на одделот за токсикологија била нападната од страна на едно лице на работното место.

МВР соопшти дека се работи за 38-годишна жена, која во моментот на нападот си ги извршувала своите работни задачи.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведени австралиски државјани што влегле во касарна во Петровец, тврдат дека залутале

Објавено пред

Вчера, во кругот на касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, влегле Н. Ц. (35) и Б. А. А. (27), австралиски државјани.

Тие изјавиле дека залутале следејќи ги насоките од ГПС-уредот, а имале намера да одат кон Меѓународниот аеродром „Скопје“.

МВР соопшти дека лицата биле приведени во полициското одделение во Петровец за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа32 минути

Германија ги зголемува залихите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод коишто ќе можат да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет51 минута

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат низ Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион1 час

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите час и половина ги спасувале децата

Поради дефект се заглави рингишпилот ,,Скај флаер” во Биоград во Далмација, по што пожарникарите час и половина ги спасувале децата...

Свет2 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш на Твитер соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена излегол од притвор, откако...

Свет3 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија13 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија15 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа17 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ22 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ23 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија23 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа1 ден

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија2 дена

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион2 дена

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија2 дена

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Досие