Контакт

Црна хроника

Се преврте камион кај Битола, возачот пренесен во болница

Објавено пред

Возач е повреден во сообраќајна несреќа кај Битола. Според полицијата, вчера околу 16,10 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, кај местото викано „Црвен“ товарно моторно возило ,,мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од С.С.(61) од Битола се превртeло.

Во незгодата С.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа во Ресен за укажување на лекарска помош.

Сообраќајот на делницата од Ресен до Макази поради истурен товар од товарното возило бил во целосен прекин од 16,20 до 21,30 часот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Мерки на претпазливост за кумановец поради ширење говор на омраза на Фејсбук

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице, жител на с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење ширење на расистички и ксенофобичен материјал на социјалните мрежи.

„Осомничениот делото го сторил на 21.04.2019 преку Фејсбук, кога објавил текст во кој дал поддршка на кривичното дело сторено од негов близок роднина во кое животот го загуби полициски службеник, а беа повредени уште четири лица. Во објавениот текст, осомничениот повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа“ соопшти ОЈО Куманово.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, поведувајќи ја постапката против осомничениот, до судија на претходна постапка на Основниот суд Куманово, доставил и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот.

Предлогот е прифатен, па со Решение на осомниченото лице му се определени мерките на претпазливост според кои привремено му е одземена патната исправа и му е зададена обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во судот.

Прикажи повеќе...

Топ

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Објавено пред

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение за запуштање и малтретирање дете. Двајцата се осомничени дека не се грижеле за своите деца на возраст од 4, 2 и 1 година и дека ги оставале сами во домот подолг период од денот. Пожарот во кој тие ги изгубија жвотите настанал во моментот кога децата биле оставени сами во куќата.

Жената на возраст од 38 години е мајка на трите деца, а мажот на возраст од 46 години е татко на детето на возраст од една година.

„Двајцата обвинети на 20.6.2018 година грубо ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија. Се работи за деца што според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе“, велат од Обвинителството во Велес.

Со тоа што ги оставиле сами во куќата, велат од Обвинителството, обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за нивниот живот и нивното здравје, а во временскиот период во кој децата биле оставени сами во куќата избувнал пожар во кој трите деца ги загубиле животите.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Рачна бомба од Втората светска војна откриена на брегот на Дебарското Езеро

Објавено пред

Рачна бомба од Втората светска војна е пронајдена на брегот на Дебарското Езеро, кај месноста Венец.

Според информациите на СВР Охрид, вчера во 13.35 часот, на брегот на Дебарското езеро, во месноста Венец, случаен минувач забележал стара експлозивна направа – рачна бомба.

Подрачјето било обезбедено од полициски службеници сè до 18 часот кога овластено службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување извршил безбедно подигнување. Тој констатирал дека се работи за рачна бомба од италијанско производство, која потекнувала од Втората светска војна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ1 час

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ1 час

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија2 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија3 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет3 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион4 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет4 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет5 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ15 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа18 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201919 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет20 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201921 час

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија23 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 201923 часа

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20191 ден

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 20191 ден

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет1 ден

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ1 ден

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Досие