Црна хроника
Се судрија возило, камион и автобус, една жена тешко повредена
Една патничка е тешко повредена при сообраќајна несреќа меѓу автомобил, камион и автобус. Нереќата се случила вчера во 16 часот во Скопје, на булеварот Партизански одреди, во близина на крстосницата со булеварот 8 Септември.
Во сообраќајна несреќа учествувале возило „ландровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ч. (58) од Скопје, товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И. Н. (42) од с. Страчинци, Скопско, и автобус „евобус“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А. П. (47) од с. Сарај, Скопско. Во незгодата тешки телесни повреди добила патничката во автобусот С. Ј. (67) од Скопје, на која ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Марихуана скриена во крем и павлака откриени во автомобил на ГП Стар Дојран
Марихуана скриена во пакувања со крем и павлака се откриени во авомотбил на Граничниот премин Стар Дојран, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници ги уапсиле 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран.

При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала А.К., а сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици во кои имало 66 пакувања со марихуана.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија.
Црна хроника
Пријава против скопски полицајци од интервентна: истепале приведено лице
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Пријавените, кои се полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19.04.2026 година околу 03:00 часот при вршење на службени дејствија употребиле прекумерна физичка сила и му нанеле повреди на лице лишено од слобода.
Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.
Црна хроника
Хаос во кафеана во Крива Паланка: нападнат музичар, искршена опрема
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.Ц. (37) од Крива Паланка, поради насилство.
Инцидентот се случил на 12 април годинава во угостителски објект во Крива Паланка. Пријавениот најпрвин почнал да ги попречува членовите на музичката група која била ангажирана во објектот, по што и физички нападнал еден од музичарите.
Во текот на инцидентот, Б.Ц. оштетил и дел од музичката опрема.
Фото: Depositphotos
