Црна хроника
Син се обидел со пиштол да го нападне татко си

Полицијата синоќа добила пријава според која син со оружје му се заканувал на неговиот татко.
„На 22.06.2022 во 22.11 часот во СВР Скопје, Н.С. пријавил дека во угостителски објект во с.Морани, скопско, М.Н. се заканувал на неговиот татко С.С.(57) од с.Морани и се обидел да го нападне со пиштол, но бил спречен од присутните. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ се вели во извештајот на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
98 казни за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Денеска (26.06.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 98 возачи. Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
Црна хроника
Притвор за пазарџијата кој со комбе се обиде да прегази инспектори и полицаец во Прилеп

Ресенчанецот кој вчера со комбе се обиде да прегази инспектори и полициски службеник откако бил отстранет од Градскиот пазар Припел каде продавал производи, се здоби со мерка притвор во КПУ Затвор Битола.
СВР Битола-ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Н.К.(53), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” и две кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.
Од МВР информираат дека полицискиот службеник испукал со пиштол во гумите на возилото.
Црна хроника
Одбил да застане со возилото и се обидел да го прегази полицаецот

Дваесетгодишен неготинец синоќа одбил да запре на даден знак за запирање и се обидел со возилото да удри полициски службеник кој изврѓувал службени дејности.
И.С. (20) од Неготино е приведен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.