Црна хроника
Сириец влегол во Македонија од Албанија, а бил во Турција и Италија
Дваесет и шестгодишен државјанин на Сирија синоќа сам се пријавил во Полициското одделение Групчин, кој илегално влегол во нашата земја од Република Албанија, претходно бил во Турција и Италија, а планирал да замине во Србија.
По кусото задржување во Полициската станица Тетово, Н. Г. бил предаден во Транзитниот центар „Табановце“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени четворица кумановци: краделе од приватен имот и одзеле домашни животни
Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ѓ.С.(32) и С.Б.(27), двајцата од Куманово.
Тие се сомничат дека на 21.07.2024 одзеле предмети од приватен имот во Куманово.
Исто така, на 19.09.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(31) и Е.И.(34), двајцата од Куманово, затоа што од приватен имот во кумановско одзеле домашни животни.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Мотоциклист излетал од патот во Струмичко, добил тешки повреди
Синоќа во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Робово и Муртино, струмичко, Р.П.(36) од село Владевци, струмичко, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот
Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот Б. П. од населба Илинден, Скопје, извести МВР.
„Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет. Пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.