Црна хроника
Скопското Обвинителство поведе истрага против италијански државјанин за четири разбојништва

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истражна постапка против 30-годишен италијански државјанин, кој живее во Скопје, за кого постои основано сомнение дека извршил четири разбојништва.
На 6 ноември тој влегол во книжарница на булеварот Партизански одреди и со нож ѝ се заканил на вработената барајќи да му даде пари. Исплашена за својот живот, оштетената од касата на книжарницата извадила 9.500 денари, кои му ги дала на осомничениот, кој потоа избегал. Истиот ден, на улицата Московска, во аптека ѝ се заканил на вработената со нож и ѝ ги побарал парите од касата, но таа почнала да вика и го стиснала копчето за паника. Во тој момент осомничениот избегал од местото не успевајќи да ја реализира намерата за противправно одземање туѓи предмети. На 9 ноември на сличен начин, заканувајќи им се со нож на вработените, осомничениот одзел 2.000 денари од продавница за играчки на булеварот Партизански одреди.
На 14 ноември, во маркет на улицата Букурешка, го вперил ножот кон една вработена заканувајќи ѝ се дека ќе ја повреди ако не му даде пари. Оштетената му ја отворила касата, од каде што тој самиот одзел 10.600 денари и избегал.
На истиот начин, на 16 ноември, осомничениот противправно присвоил 6.525 денари од бутик за долна облека на булеварот 8 Септември.
„Бидејќи постојат околности што упатуваат на можност осомничениот да се даде во бегство, да ги скрие трагите на кривичното дело, да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.