Црна хроника
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Синоќа во 19.15 часот во СВР – Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.
Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.
Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
53-годишен скопјанец ја претепал сопругата, бил агресивен и кон полицијата
Вчера во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(53) од Скопје.
Тој во семејниот дом физички ја нападнал својата 49-годишна сопруга, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Црна хроника
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
Вчера во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода В.Н.(22) и С.Б.(27), двајцата од с.Арачиново, скопско, затоа што на 08.12.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба со закана од М.Н.(31) од Скопје одзеле пари и мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Запленети повеќе од 40.000 пиротехнички средства на Бит-пазар
На 09.12.2024, по претходно изготвен план од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за контрола на Бит Пазар, лишени се од слобода две лица, а пронајдени се над 40.000 парчиња пиротехника, тутун и цигари без бандероли. Кај Б.И. (47) од с. Студеничани пронајдени се 11.604 пиротехнички средства, пари, околу 40 килограми тутун и поголема количина цигари без бандероли.
Кај С.Н. (48) од Скопје пронајдени се 14.942 парчиња пиротехнички средства и пари. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 ст.7 од КЗ. Исто така, при преглед на импровизирана тезга пронајдени се околу 14.000 пиротехнички средства.