Црна хроника
Скопјанец на чекор да заврши во притвор: Извршил тешки кражби во куќи и продажни објекти
Кривична пријава против лице од скопско, расчистени четири тешки кражби
Полициската станица Гази Баба поднесе кривична пријава против И.А.(39) од с.Страчинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. По преземени мерки и активности и извршено вештачење било констатирано дека тој извршил по две тешки кражби во куќи и продажни објекти.
„На 21.07.2023 во 06.30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и во службен разговор во полициска станица тој ги признал делата, по што во консултација со јавен обвинител му е поднесена пријавата. И.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена претепана од сопругот во Драчево, и го искршил и возилото
Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Т.(43) од Скопје, кој потоа го оштетил нејзиното возило.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се запали една од просториите на Поликлиника Чаир, нема повредени
Вчера во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите во установата.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Нападната прилепчанка во скопски Аеродром: и ја украле чантата со пари и документи
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(28) од Прилеп пријавила дека на 10.01.2025 околу 23.08 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со документи, пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.