Контакт

Daily news

Скопјанец обвинет за препродажба на марихуана

Објавено пред

 

СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против 49-годишниот Г.П. од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека неовластено набавил 9,8 килограми наркотична дрога марихуана со намера истата да ја препакува во помали кесички и улично да ја продава на уживатели од Скопје.

 

За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Имено пријавениот Г.П. во текот на октомври минатата година од засега непознато лице набавил поголема количина на марихуана со намера улично да ја продава на уживатели од Скопје. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека истиот кој претходно е пријавуван за имотни деликти, препакуваната дрога која ја чувал во куќа во с. Горно Лисиче и веќе  почнал да ја продава на уживатели од Скопје, превзеде мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.

 

Така на 05-ти овој месец пријавениот бил забележан како управува возило со уште едно лице кое било со него во централното градско подрачје при што истиот бил сопрен на бул. „Крсте Мисирков“ и од страна на полициски службеници од Единицата му било извршено легитимирање, личен преглед и преглед на возилото. По извршениот преглед на лицата и возилото во предниот дел под хаубата поточно во кутијата за парно била пронајдена една поголема најлонска кеса со марихуана, по што лицата биле приведени во службените простории на Единицата.

 

Истиот ден, со наредба од судија на претходна постапка извршен бил претрес во домот и другите простории кај пријавениот при што биле пронајдени и одземени 21 паковка марихуана наменета за улична продажба. По извршеното вештачење на пронајдената и одземена наркотична дрога било утврдено дека пронајдената марихуана во возилото на пријавениот е со вкупна нето тежина од 5,1 кг додека пронајдените паковки во неговиот дом се со вкупна нето тежина од 4, 76 кг./крај/мф

 

Најново

Забава12 минути

Сандра Булок: Црвениот тепих за мене е кошмар, секогаш ме фаќа паника

Сандра Булок откри дека и по децении успешна кариера сè уште се чувствува непријатно на црвениот тепих и дека позирањето...

Економија23 минути

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние...

Црна хроника1 час

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија1 час

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија1 час

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија1 час

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт1 час

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет2 часа

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет2 часа

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...