Топ
Скопјанец осомничен дека запалил автомобил со што предизвикал силна експлозија

Триесет и шестгодишен скопјанец е осомничен дека запалил автомобил во Скопје со што предизвикал штета од 450.000 денари.
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 36-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – тешки дела против општата сигурност и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
На 4 јануари, на улицата Јабланица во Скопје, осомничениот полеал паркиран автомобил „ауди“ со запалива течност и со запалка ја активирал. Со ова тој предизвикал силна експлозија и целосно опожарување на автомобилот со штета во вредност од 450.000 денари, како и делумно опожарување на автомобил „форд мондео“, кај кој била предизвикана штета од 10.000 денари.
По експлозијата, сопственикот на автомобилот „ауди“ излегол на терасата од неговата куќа и го забележал осомничениот како бега од местото.
При претрес во домот на осомничениот на 5 јануари, полициските службеници пронашле полуавтоматски пиштол марка „Црвена застава М57“ со калибар 7,62Х25 мм, два куршума во рамка, како и дополнителни 54 куршуми.
Бидејќи постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и да ги повтори кривичните дела, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот

Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во кривичниот суд во Скопје, каде што треба да биде соопштена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. Од домот на Водно, каде што издржува куќен притвор, тој беше донесен со полициско комбе. Придружуван беше од десетина полицајци, кои го следеа комбето со три возила.
Мијалков молчешкум помина покрај новинарите, без да одговори дали очекува осудителна пресуда. Когa влезе во холот на судот, се поздрави со судската полиција, а во холот каде што стоеја бројни новинари и јавност која ќе го следи судењето настана молк.
Свет
Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е наведено, ефикасна е воречиси две третини од случаите четири недели по вакцинацијата.
Втората вакцина е произведена на Институтот за биологија во Вухан, која е дел од државната компанија „Синофарм“ и е ефикасна во повеќе од 72 проценти од случаите.
Вакцините од „Синовак“ и „Синофарм“ претходно беа одобрени за употреба. Двете компании тврдат дека можат да произведат милијарда дози годишно, според АП. Најавено е дека годишното производство на вакцината Кансино ќе биде 300 милиони, а вакцината од Вухан 100 милиони дози.
Свет
Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство. Најсмртоносен е калифорнискиот вид. Бразилскиот министер Едуардо Пазуело изјави дека владата распределила од 13 до 14 милиони дози вакцини и дека планира да вакцинира половина од 210 милиони жители во земјата до средината на годината, пренесува „Ројтерс“.
Од друга страна, научниците се загрижени за постоењето на т.н. калифорниски вирус, за кој не се знае многу, но постои можност тој да биде најсмртоносна и најзаразна варијанта досега. Прелиминарна студија укажува на тоа дека овој вид се шири побрзо од другите, дека може да доведе до потешки форми на инфекција, дека бара поинтензивно лекување и дека може да биде уште посмртоносен.
Бидејќи истражувањето ја нема поминато проверката на независна група научници, сите овие тврдења треба да се земат со резерва.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер