Црна хроника
Скопјанец осомничен дека со нож тешко ја повредил сопствената сестра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишен жител на селото Волково осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 15 јуни, во дворот од семејна куќа во Волково, осомничениот тешко го нарушил здравјето на својата сестра и предизвикал нагрденост. Осомничениот најпрво започнал вербална расправија на висок тон, упатувајќи навредливи зборови кон оштетената, нејзината ќерка и уште двајца сведоци кои работеле во дворот. Потоа станал агресивен и им се заканил да престанат, а за кратко се вратил во дворот со нож во раката и се упатил кон внуката. Нејзината мајка се обидувала да ја смири ситуацијата и во моментот кога осомничениот замавнал со ножот, таа застанала пред ќерката за да ја заштити, па била прободена во левата страна од лицето во пределот кон слепоочницата.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење и бегство, оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело или ќе стори кривично дело со кое се заканува, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пукање во центарот на Куманово

Пукање имало попладнево во центарот на Куманово, потврди кумановската полиција.
Според привичните информации, во пукањето едно лице се здобило со повреди на нозете.
Полицијата најави повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Кривична за кратовчанка: нејзиното куче каснало дете на улица

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од селото Крилатица, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„Пријавената, на 09.11.2023 во с.Крилатица, го пуштила своето куче без надзор и без маска надвор од својата куќа, при што каснало малолетник од селото“, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Затвореник од „Шутка“ итно префрлен на клиника каде што починал

Гостиварец кој бил во затворот Скопје во Шуто Оризари почина на комплексот клини Мајка Тереза.
„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, објави МВР во дневниот билтен.