Црна хроника
Скопјанец осомничен за три разбојништва во спортски обложувачници

Скопското Основно јавно обвинителство ќе почне истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило три кривични дела разбојништво.
Во два наврата, на 24 февруари и на 8 мај, осомничениот извршил разбојништва во иста спортска обложувач00ница на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов.
Се преправал дека пополнува ливче по што станувал од масата и со нож им се заканувал на вработените за да ги принуди да му ги дадат парите.
Првиот пат одзел 21.918 денари, а вториот пат – 20.400 денари од работните фиоки зад наплатниот пулт.
На 18 мај осомничениот 26-годишник влегол во спортска обложувачница на улицата Никола Тримпаре во Скопје и на вработениот му се заканил со зборовите: „Надвор сме тројца, да не ја правиме голема, дај ги парите“.
Оштетениот, исплашен дека би можеле да го нападнат, ги извадил парите од фиоките и му ги дал. На овој начин осомничениот противправно происвоил 70.000 денари и избегал од местото.
Јавниот обвинител доставил предлог за определување притвор за 26-годишникот бидејќи постојат околности што упатуваат на опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец во кино нападнал девојче оти со нозете му го удиралo седиштето

Скопјанец на 45-годишна возраст физички нападнал малолетно девојче во кино сала во Карпош.
Според пријавеното, од МВР како причина се наведува тоа што девојчето кое седело зад мажот удирало со нозете по неговото седиште.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојче нападнато од три врснички, едната и’ го зела мобилниот телефон

Малолетно девојче било нападнато од три врснички вна улицата Славка Динкова.
„На 05.06.2023 во 23.00 часот во Полициската станица Драчево, Х.К.(52) од Скопје пријавила дека околу 12.50 часот на ул.„Славка Динкова“ нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички, од кои едната ѝ го одзела мобилниот телефон“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тренер по ракомет натепал малолетник

Родител од Скопје пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од тренерот по ракомет додека престојувале во Унгарија.
„На 05.06.2023 во 18.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 02.06.2023 околу 15.00 часот во Унгарија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговиот тренер по ракомет, В.К.“, објави МВР.