Црна хроника
Скопјанец погоден со дијабола од воздушна пушка додека се движел по улица во Центар

Скопјанец бил погоден со дијабола од водушна пушка додека се движел пред Олимписки базен во Центар.
Според информациите на МВР, Б.М.(41) од Скопје вчера пријавил дека на 27.09. околу 23.45 часот, додека се движел со велосипед пред Олимписки базен во Центар, почувствувал болка во рамото.
Тој се упатил во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од рамото му извадиле дијабола од воздушна пушка.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец фатен како пренесува во автомобил над половина килограм марихуана

Скопјанец е фатен како пренесува во автомобил над половина килограм марихуана.
Според информациите, во сабоатата на улицата „Методија Митевски“ во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, осомничениот неовластено пренесувал 507,4 грама наркотична дрога – марихуана, во поголема ќеса. При претрес на возилото, полициски службеници ја откриле и ја одзеле дрогата наменета за неовластена продажба.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишникот под сомнение за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците, но и да го повтори делото за кое против него и претходно се воделе други постапки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај Качанички Пат

Сообраќајна несреќа утрово се случи кај Качанички Пат.
Движењето на улицата е отежнато, информираа од Центарот за управување со кризи.
Според првичните информации, нема загинати патници.
Топ
Детали за несреќата кај Три Чешми: се судриле товарно возило и „голф“, возачот на автомобилот загинал

Во тешката сообраќајна несреќа, која се случила на автопатот Миладиновци – Штип, загинал возач на автомобил со гевгелиски регистарски ознаки.
Ова од МВР го потврдуваат за „Макфакс“ и додаваат дека увидот е во тек, а сообраќајната несреќа е пријавена изутринава пред 6 часот.
Првичните информации со кои располага полицијата се дека се судриле товарно возило „ман“, кое имало косовски ознаким и патничко возило „голф“, чиј возач загинал на самото место, што било констатирано од екипа на брзата помош.
Автопатот беше затворен за сообраќајм известија и од АМСМ.
МВР, по увидот, ќе излезе и со повеќе информации во јавноста.
Се утврдува причината за несреќата.