Контакт

Црна хроника

Скопјанец починал во својот стан по каснување од стршен

Објавено пред

Скопјанец на возраст од 49 години бил пронајден починат од страна на итната медицинска помош во неговиот стан, на улицата Никола Русински.

На местото на настанот била затекната В. М. (57) од Скопје, која изјавила дека претходно добила повик од мажот, кој ѝ кажал оти го каснал стршен и побарал од неа да повика итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила полицијата, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Тетовец со нож се заканувал во дуќан каде како продавачка работела неговата поранешна сопруга

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишен селанец од тетовскиот регион, поради сомнение дека сторил кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурноста“.

Како што информираат од МВР, на 13 јули во продажен објект во селото, дошол 28-годишникот, кој почнал да ја навредува неговата поранешна сопруга, која работела во објектот и растурил прехранбени продукти во продавницата.

Тогаш дошол сопственикот на продавницата, заедно со негов 59-годишен познаник и започнале расправија со насилникот. Притоа, пријавениот извадил нож и се упатил кон еден од нив со намера да го повреди, но не успеал во намерата, по што го напуштил местото на настанот.

Покрај ова, на 17 јули, 28-годишникот и телефонски му се заканувал на сопственикот на продавницата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривични за двајца тетовчани кои недоразбирањата ги разрешувале со пиштол и нож

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца тетовчани Е.М.(40) и Љ.В.(47), поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“.

Како што информнираат од МВР, на 17 јули на тетовската улица „Благоја Тоска“ физички бил нападнат 26-годишниот К.В. од стана на неколку непознати лица меѓу кои и Е.М., кој извадил пиштол и со кундакот го удрил, по што лицата си заминале од местото на настанот.

Откако на местото дошла полицијата, по кратко време пристигнал и Н.М. (36) од Тетово, кој почнал да го навредува К.В., по што бил приведен во полициска станица.

Откако 36-годишникот бил пуштен од станицата, бил нападнат со нож од Љ.В.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Автомобил удри во малолетник во Скопје

Објавено пред

Седумнаесетгодишно момче од Струга е тешко повредено кога во него удрил автомобил на улицата Димитрие Чуповски во Скопје. Несреќата се случила синоќа по што момчето било однесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Комисијата за заразни болести предлага наставата да се одвива онлајн, освен во првите одделенија

Ставот на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто...

Европа5 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија5 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија5 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија7 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија8 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија8 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија9 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет10 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија10 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ10 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет12 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет12 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет13 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет13 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет13 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа13 часа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет24 часа

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет1 ден

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија1 ден

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Досие