Црна хроника
Скопјанец пријавил дека непознати лица пукале кон неговиот дом

Во вечерните часови на 24 декември 25-годишниот Ф.А. од Скопје во полиција пријавил дека непознати лица пукале во правец на неговата куќа.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа, при што констатирани биле оштетувања на куќата.
Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во еден ден за брзо возење казнети 566 возачи, 287 oд нив прекршокот го сториле во населени места

Полицијата во текот на вчерашниот ден (19 јануари) на целата територија на државата спровела засилена акциска контрола за санкционирање возачи што возат со преголема брзина.
Од МВР нагласуваат дека ваквиот прекршок е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.
Вкупно во акцијата биле санкционирани 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина од 70 километри на час над дозволената, а 65 возачи возеле со брзина од 50 километри на час над дозволената.
Од МВР додаваат дека засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
368 казни за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие во однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот регистрирани се 368 прекршоци, информираат од МВР.
Од Министерството воедно апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Топ
МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува на незаконско поминување на наплатна рампа, информираат од МВР.
Како што додаваат од таму, на него се гледа како маж покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“, со гостиварска регистарација.
Вадење легитимација и лабаво по патарина..
ШЕРИФСКИ!👏
🆘️🚨🆘️🚨🆘️🚨 pic.twitter.com/cjdU97UrT8— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) January 15, 2021
Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него на 18. јануари бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.
Воедно од МВР појаснуваат дека М.З. не е вработен во министерството, како што претходно беше објавено во дел од медиумите.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот