Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во полицаец

Скопјанец со автомобил удрил во полицаец кој обезбедувал локација на која се случила сообраќајна несреќа.
Според информациите на МВР, вчера, околу 21.15 часот, на улицата Скупи во Скопје, додека двајца полициски службеници извршувале службени дејства обезбедувајќи сообраќајна незгода што се случила претходно меѓу две возила, едниот од нив бил удрен од автомобил „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. Ј. (53) од Скопје.
Полицаецот со повреди бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје, а М. Ј. бил приведен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Доктор нападнал медицинска сестра на Гинекологија

Медицинска сестра вработена на Гинекологија на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ утрово додека била на своето работно место во амбулантата, била физички нападната од нејзин колега, вработен како доктор.
На 06.03.2021 во 07.00 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како доктор.
Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Црна хроника
Човечко тело во распаѓање пронајдено во канал на реката Лепенец

Човечко тело во распаѓање било пронајдено вчера во село Бардовци.
Како што соопшти МВР, З.Р.(40) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци,скопско, во близина на сепарација, во канал на реката Лепенец било пронајдено човечко тело кое било делумно распаднато.
Телото било извадено и по наредба на јавен обвинител е предадено на Судска медицина за обдукција.
Топ
Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија.
Несреќата ѐ, која се случила вчера, била пријавена од Итната медицинска помош Гевгелија, дека на старата автобуска станица во Гевгелија, имало починато градежен работник при вршење на градежни работи.
На местото на настанот излегле увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, јавен обвинител и трудов инспектор, при што било констатирано дека се работи за Н.Т.(45) од Богданци, кој околу 13,15 часот на објектот во изградба изведувал градежни работи при што паднал од скеле, по што починал на лице место.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“