Топ
Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал детето со тупаници по главата и лицето, со што му нанел повреди.
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против 34-годишен скопјанец за кривично дело запуштање и малтретирање дете.
„Обвинетиот се товари дека го сторил делото на 23.12.2019 година, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила своето едногодишно дете за да го однесе кај претходно ангажирана дадилка. Обвинетиот очув, додека бил сам со детето во домот и додека го превезувал со возилото, го малтретирал удирајќи го со тупаници во пределот на главата и лицето, при што му нанел телесни повреди изразени во вид на крвни подливи“, соопштија од Обвинителството.
Обвинетиот е во притвор, а надлежен јавен обвинител побара негово продолжување проценувајќи дека неговото присуство во текот на кривичната постапка и непреченото водење на постапката не би можеле да се обезбедат со друга мерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Детали за двојното убиство во Гевгелија: Браќата не разговарале повеќе од 40 години

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторил две кривични дела -Убиство од член 123 од Кривичниот законик.
Осомничениот 69-годишник, на 24 септември, со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови.
Кога ги забележал оштетените како се паркираат со нивното возило пред дворот на куќата, осомничениот излегол во дворот, држејќи ја во рацете приватната тужба поднесена против него од починатите за кривично дело – Оштетување туѓи предмети.
Двајцата браќа имале нарушени меѓусебни односи и не разговарале повеќе од 40 години, но починатите тужбата ја поднеле неодамна, бидејќи осомничениот, ставајќи олуци на куќата, скршил плочки и ја оштетил оградата од нивната тераса.
Кога им забележал за поднесената тужба, тие не сакале да разговараат со него, па осомничениот влегол дома и го зел пиштолот марка „Црвена застава“, со калибар 7,62 милиметри кој го поседувал со дозвола. Потоа испукал повеќе куршуми кон братот и снаата, кои од здобиените повреди тие починале на самото место.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Топ
46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

46-годишна жена од Кочани утрово била избодена по претходна расправија со свој сограѓанин.
Полицијата за „Макфакс“ потврдува дека, денеска, во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У. Р. (59) од Кочани.
Тој се сомничи дека околу 6.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала таа, со остар предмет ѝ нанел убодни рани на Т. М. (46) од Кочани.
Жената, како што соопшти полицијата, починала на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот, против У. Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Не сообраќаат возови на релација Скопје – Битола, во пожар изгореа 1.000 прага од пругата

Поради штета од пожарите во Битолско-прилепскиот Регион, не сообраќаат возови на пругата Скопје – Битола – Скопје.
Од „Железници“ соопштија дека уништени се околу 1.000 прага и во моментот интензивно се работи на санација на дефектот.
Засега нема информации кога би можело да се очекува пругата повторно да биде ставена во функција, односно да се оспособи за безбедно одвивање на железничкиот сообраќај.