Црна хроника
Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл излета од автопатот Скопје-Велес
Дваесет и четиригодишен скопјанец е тешко повреден откако со својот мотоцикл излетал од автопатот Скопје-Велес.
Несреќата се случила во саботата попладне, кога скопјанецот И.И. (24), кој е вработен како полицаец, излетал со моторот од автопатот на еден километар пред наплатната рампа Сопот, при што се здобил со скршеници на рацете и нозете.
Поради несреќата, делницата на автопатот од Катланово до Велес беше затворена за сообраќај час и половина. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
