Црна хроника
Скопјанец тргнал да прегази со автомобилот полицаец

Приведен е 51-годишен скопјанец кој со автомобилот се обидел да удри во полицаец.
„На 31.05.2022 во 18.20 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(51) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се обидел со патничко возило „фолксваген голф“ да удри во еден од нив. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Млади скопјани со електрошок украле чанта, со платежната картичка во неа „пазареле“ на бензинска

Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(18) и еден малолетник, двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека на 04.06.2022 на ул.„Миле Поп Јорданов“ со употреба на електрошок од З.М. од Скопје одзеле чанта со лични документи и платежна картичка, кој ја употребиле на неколку бензински станици.
При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, бил пронајден електрошок и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Фатен е разбојникот кој украде уметнички слики од „Матица ексклузив“

Рано утринава, во 02.00 часот на бул.„Партизански одреди“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје.
Според информациите на полиција, „тој бил затекнат при обид за извршување на „тешка кражба“ во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото. Притоа кај него е пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба“ пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики“.
Инаку, на наведената адреса пред два дена беше пријавено дека од Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ биле украдени 16 ретки дела од познатиот уметник Павле Кузманоски од Тетово.
Од МВР информираа дека лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба

Денеска, во 2 часот, на булеварот Партизански одреди, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е. Д. (33) од Скопје.
Тој бил затекнат при обид за извршување тешка кражба во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото.
Притоа кај него бил пронајден предмет што потекнува од кривични дела тешка кражба, пријавени на 27.6.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.6.2022, при што од книжарница на улицата Ѓуро Стругар во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики, соопшти полицијата.
Лицето, како што информира МВР, им е предадено на полициски службеници од Полициската станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.