Контакт

Топ

Скопјанец украл автомобил, оштетил неколку возила и прегазил полицајци

Објавено пред

Полицијата, вчера, околу 17 часот, на булеварот Александар Македонски го уапсила Н. Ќ. (36) од Скопје, осомничен за одземање патничко возило и предизвикување сообраќајна незгода.

Скопјанецот украл автомобил на улицата Даме Груев по што бил забележан од страна на полициските службеници на кејот на Вардар. Тие на крадецот му дале наредба да застане, но тој продолжил да вози, турнал двајца полициски службеници и побегнал. Третиот полициски службеник со службено возило тргнал по него и успеал да го престигне. Притоа, на булеварот Александар Македонски, Н. Ќ. го запрел возилото и почнал да бега трчајќи, но набргу бил фатен и приведен, а полицаецот се здобил со тешки повреди.

МВР јави дека пред да дојде до бркотницата со полицијата, Н.Ќ со украденото возило удрил и оштетил три други возила, пришто две лица се здобиле со телесни повреди.

Тие заедно со повредениот полицаец биле пренесени во болницата „8 Септември “, каде што им била укажана лекарска помош. По целосно докуменитрање на случајот, против Н.Ќ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Објавено пред

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на следењето на комуникациите во мрежите на операторите. Исто така, Агенцијата нема техничка можност самостојно и независно да активира и да врши следење на комуникации без посредство на Оперативно техничката агенција, реагира АНБ на изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, дека Агенцијата ја задржала можноста да преслушува.

Од Агенцијата велат дека наводите на Чулев се дезинформации и ги отфрли неговите изјави како невистинити и тенденциозни.

„Наводите за наводна посредничка улога на Агенцијата за национална безбедност во процесот на следење на комуникациите и за наводен монопол во системот за следење на комуникациите се целосно невистинити. Имено, согласно член 35, став (1) од Законот за Оперативно техничката агенција, опремата за следење на комуникации со кои располагала поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање е предадена на Оперативно техничката агенција, на ден 27.10.2018 година, за што е изготвен соодветен записник за примопредавање потпишан од директорите на УБК и Оперативно техничката агенција. Со наведениот записник, во согласност член 35, став (2) од истиот Закон, се предадени и медијациските уреди, сопственост на телекомуникациските оператори, кои до тогаш се наоѓале во МВР односно УБК. Примопредавањето е вршено под надзор на Комисија во чиј состав, покрај другите имало претставници на Врховниот суд и парламентарната комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите“, се наведува во соопштението.

Од АНБ велат дека Министерството за внатрешни работи има посебна служба за администрирање на пристапот зо следењето на комуникации заради кривични истраги, а АНБ нема пристап до ваквата администрација, ниту може да има увид во тековните предмети на МВР.

„Во изјавата на Чулев единствено вистинито е дека поранешната УБК од аспект на техничката опременост го имала монополот над користење на опремата за следење на комуникациите и таа монополска улога масовно ја злоупотребувала. Тој период конечно е зад нас, но тоа веројатно е тешко сфатливо за Чулев кој во тоа време имаше раководна функција во Агенцијата за разузнавање, чии вработени исто така беа сериозно инволвирани во настани кои се денес предмет на актуелни судски постапки“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Објавено пред

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште пет дена, ќе биде прогласен крај на епидемијата.

„Во последните 24 часа биле направени 155 тестови и сите се негативни“, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Во Црна Гора нема активни случаи на Ковид-19.

Директорот на ИЈЗ, Бобан Мугоша, пред четири дена за ТВЦГ соопшти дека крајот на епидемијата може да се очекува на 2 јуни, доколку до тогаш нема нови случаи.

Во Црна Гора од почетокот на епидемијата од коронавирус заболеле 324 лица, оздравеле 315, а починале девет пациенти.

Прикажи повеќе...

Топ

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради смртта на 15-годишното момче кое лани се удави во Пчиња. Според информаците на МВР, детето при капење пропаднало во реката во длабнатина направена при ископ на речен песок и чакал, а местото ниту било обележано ниту било обезбедено, иако компанијата била должна да го направи тоа.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.М.(54) од Скопје и АД „Водостопанство“ поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност“.

Првопријавениот, како раководител на сектор за речен слив и речни корита во АД „Водостопанство“ и АД „Водостопанство“, по добивање на дозвола за вадење песок, чакал и камен од река Пчиња, на делница Шупли Камен, заради уредување на режимот на водите, на 31.01.2018 склучиле договор со фирма од Скопје за продажба на истиот материјал затоа што немале можност за складирање на материјалот.

„Притоа, тие не презеле превентивни безбедносни мерки, односно не биле поставени табли со известување за изведување на активности за црпење на речен материјал, немало поставено заштитни ленти, ниту пак табли за предупредување. По барање од ОЈО бил извршен увид на наведената парцела и од Државен инспекторат за животна средина бил изготвен записник од извршен инспекциски надзор од 01.10.2019, каде биле констатирани и други нерегуларности кои ги навеле во записникот“, соопштија од МВР.

Со ваквото однесување на пријавените, се додава во соопштението, на 18 август минатата година, во село Шупли Камен, во близина на сепарација на река Пчиња Шупли се случил немил настан – давење на малолетното лице од село Љубодраг, кумановско, односно лицето при капење на необележаното и необезбеденото место пропаднало во река Пчиња во длабнатина направена при ископ на речен песок и чакал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион7 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ9 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија9 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија10 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија11 час

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија12 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија13 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија13 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија13 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија15 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија15 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија16 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија16 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија17 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион17 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија1 ден

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа1 ден

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа1 ден

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион1 ден

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Досие