Контакт

Топ

Скопјанка измамена за над 7.200 евра, и кажале дека ќерка и усмртила дете во сообраќајкa и ќе ја спасат од затвор

Објавено пред

Вчера во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице за сума од 7.260 евра.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, лицето и се јавило на домашниот телефон и се претставило дека е од полиција и дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа во која починало дете, а доколку му даде пари ќе може да помогне да не оди во затвор.

Како што било пријавено, тие се договориле, а откако му ги дала парите лицето заминало и не се јавило повеќе.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Државна вечера во чест на Штајнмаер, Пендаровски наздрави за заедничка европска иднина

Објавено пред

Дозволете ми со оваа крената чаша да ве повикам да наздравиме во чест на македонско-германското пријателство, соработката и заедничката европска иднина, порача во здравица претседателот Стево Пендаровски за време на државната вечера по повод посетата на претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмајер.

dobivaj vesti na viber

Шефот на македонската држава потсети дека неговата прва билатерална посета по стапувањето на должноста во 2019 година била токму Германија, а од тогашната прва средба со Штајнмаер во Берлин во изминатите три и пол години во континуитет е остварена интензивна комуникација која прераснала и во лично пријателство.

Пендаровски нагласи и дека живееме во турбулентно време во Европа и во светот. Нападот на Украина од страна на Руската Федерација не само што е флагрантно прекршување на меѓународното право, туку е и напад врз основните вредности на Европа што ги воспоставивме по завршувањето на Втората светска војна. Таквата политика нема никакво оправдување, а агресијата не смее да се релативизира ниту да се наоѓаат изговори за неа, рече Пендаровски на свечената вечера.

Тој му заблагодари на Штајнмаер за силната и конзистентна поддршка на патот на Македонија кон ЕУ.

„Вие и германската држава сте едни од најсилните промотори и застапници за европската интеграција на Северна Македонија и на нашиот регион. Од суштинско значење за нас во овој сензитивен период е успешно завршување на првата скрининг фаза од процесот на преговори за да почнеме со следната фаза на конкретни преговори во рамките на кластерите и поглавјата. На тој пат, како и досега, ја очекуваме Вашата поддршка и поддршката на Германија во различните области од реформите што следат. Сакам да Ве уверам дека од наша страна посветено ќе ги исполнуваме преземените обврски и ќе бидеме доверлив партнер во овој процес“, рече Пендаровски.

Додаде дека Германија е нашиот најголем економски партнер и еден од најзначајните инвеститори во нашата држава. Нашата економска соработка не се состои само во трговска размена туку и во пренесување на германската технологија и знаење што е од непроценлива важност за социоекономскиот развој на Северна Македонија, заклучи претседателот.

На вечерата присуствуваа претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис-секторот коишто остваруваат економска соработка со германската држава. Воедно, поканети беа и претставници од граѓанското општество и поединци коишто имаат придонес во градење на македонско-германските образовни и културни врски во изминативе години.

Прикажи повеќе...

Свет

Катар за првпат призна: Стотици работници загинаа при работа за Светското првенство во фудбал

Објавено пред

Шефот на Светското првенство во Катар, Хасан Ал-Тавади за првпат потврди дека стотици работници – мигранти загинале за време на градежните работи поврзани со првенството. Станува збор за, како што рече, 400 до 500 работници, што е неспоредливо поголема бројка од онаа што претходно ја наведоа катарските власти.

dobivaj vesti na viber

Во интервју со Пирс Морган што се емитуваше на TalkTV во понеделникот, Ал-Тавади, на прашањето за бројот на смртни случаи на работници мигранти како резултат на работата поврзана со Светското првенство, рече: „Проценката е околу 400, помеѓу 400 и 500. Немам точна бројка. И една смрт е премногу, тоа е така. Мислам дека секоја година се подобруваа безбедносните стандарди на градилиштата, барем на нашите градилишта, градилиштата за Светското првенство, оние за кои сме одговорни. Апсолутно“, рече тој.

Претходно во ноември, владин претставник изјави за Си-Ен-Ен дека имало три смртни случаи поврзани со работа на стадионите на Светското првенство и 37 смртни случаи кои не биле поврзани со работата на самите градилишта на стадионот.

Гардијан, од друга страна, минатата година објави дека 6.500 работници мигранти од Јужна Азија загинале во Катар откако земјата го доби Светското првенство во 2010 година, и дека повеќето од загинатите работници биле вклучени во опасна работа за ниски плати, често на екстремна топлина. Но, тој извештај не ги поврза сите 6.500 смртни случаи со инфраструктурни проекти на Светското првенство.

Минатата година Ал-Тавади ја оспори бројката, велејќи за „Си-Ен-Ен“ дека бројот на Гардијан е сензационалистички, погрешен наслов и дека во извештајот недостига контекст.

Во меѓувреме, катарскиот владин функционер за Си-Ен-Ен минатиот месец изјави дека бројот на загинати од 6.500 што се припишува на Светското првенство всушност се однесува на сите смртни случаи на странски работници во земјата во период од 10 години. „Ова не е точно и ги игнорира сите други причини за смрт, вклучувајќи болест, старост и сообраќајни несреќи.

Според Амнести интернешнал, работниците мигранти сочинуваат 90 проценти од вкупната работна сила во Катар.

Откако Катар го доби Светското првенство во 2010 година, многу работници мигранти се соочија со одложени или неисплатени плати, принудна работа, долги часови на високи температури и други проблеми.

Прикажи повеќе...

Свет

Заедничка изјава на министрите на НАТО во Букурешт: Решени сме да ја зголемиме помошта за Украина

Објавено пред

НАТО ќе ја зголеми помошта за Украина, не само со воена опрема, туку и за обновување на критичната инфраструктура и зголемена заштита од ракетни напади, истакнаа министрите за надворешни работи на алијансата во изјавите од конференцијата во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

„Собрани сме во Букурешт, во близина на брегот на Црното Море, во време кога руската инвазија на Украина го загрозува евроатлантскиот мир, безбедност и просперитет. Русија сноси целосна одговорност за оваа војна, флагрантно кршење на меѓународното право и начелата на Повелбата на ОН. Руската агресија, вклучително и нејзините упорни и непромислени напади врз цивилната и енергетската инфраструктура на Украина, лишува милиони Украинци од основните човечки потреби“, се вели во заедничката изјава објавена до медиумите.

Се нагласува дека тоа се одразило на глобалните резерви на храна и им се заканило на најранливите земји и народи во светот.

Министрите на НАТО нагласуваат дека неприфатливите активности на Русија, вклучително и хибридни активности, енергетска уцена и непромислена нуклеарна реторика, го поткопуваат меѓународниот поредок заснован на правила.

„Ја осудуваме суровоста на Русија врз цивилното население во Украина и кршењето и злоупотребата на човековите права, како што се принудните депортации, тортурата и варварскиот третман на жените, децата и лицата во ранливи ситуации. Сите одговорни за воени злосторства, вклучително и сексуално насилство во конфликт, мора да понесат одговорност“, се вели во соопштението.

Тие, исто така, ги осудија оние, вклучително и Белорусија, кои активно ја помагаат руската војна против Украина.

Министрите изразија солидарност со украинската влада и народот на Украина во, како што велат, херојската одбрана на својата нација и земја и им оддадоа почит на сите жртви.

„Остануваме цврсти во нашата посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Никогаш нема да ги признаеме илегалните анекси на Русија, кои ја прекршуваат Повелбата на ОН. Ќе продолжиме да ја зајакнуваме политичката и практичната поддршка за Украина додека таа продолжува да го брани својот суверенитет и територијалниот интегритет“, се додава во соопштението.

Во овој контекст, НАТО ќе продолжи да соработува тесно со релевантните актери, вклучително и меѓународните организации, особено ЕУ, како и со истомислениците.

„Надоградувајќи ја досегашната поддршка, ќе и помогнеме на Украина да ја зајакне својата отпорност, да го заштити својот народ и да се спротивстави на руските кампањи за дезинформации и лаги. Сојузниците ќе и помогнат на Украина додека ја поправа својата енергетска инфраструктура и го штити својот народ од ракетни напади. Ние, исто така, остануваме посветени на долготрајна поддршка на нејзиниот пат на повоена реконструкција и реформи, за да може Украина да ја обезбеди својата слободна и демократска иднина, да го модернизира одбранбениот сектор, да ја зајакне долгорочната интероперабилност и да ја одврати идната агресија“, рекоа министрите.

Тие истакнаа дека ќе продолжат да го зајакнуваат нивното партнерство со Украина додека таа ги унапредува своите евроатлантски аспирации.

Министрите посочија дека Финска и Шведска учествуваат на конференцијата како земји кои се поканети да се приклучат на алијансата.

„Нивниот пристап ќе ги направи побезбедни, а НАТО посилен. Нивната безбедност е од директно значење за алијансата, вклучително и за време на процесот на пристапување“, нагласија тие.

Укажаа дека регионите на Западен Балкан и Црното Море се од стратешко значење за алијансата и ја поздравија средбата со министрите за надворешни работи на партнерите во НАТО Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија.

Најавија дека НАТО ќе ја зголеми својата поддршка за тие земји во градењето на нивниот интегритет и издржливост, развивање на капацитетите и одржување на нивната политичка независност.

„Цврсто стоиме зад нашата посветеност на политиката на отворени врати на алијансата. Ги потврдуваме одлуките што ги донесовме на Самитот во Букурешт во 2008 година и сите последователни одлуки во врска со Грузија и Украина“, се вели во заедничката изјава.

Министрите истакнаа дека НАТО е одбранбен сојуз и ќе продолжи да го штити своето население и во секое време да ја брани секоја педа од сојузничката територија.

„Го осудуваме тероризмот во сите негови форми и манифестации и се солидаризираме со Турција во жалост за изгубените животи по недамнешните ужасни терористички напади“, рекоа министрите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Државна вечера во чест на Штајнмаер, Пендаровски наздрави за заедничка европска иднина

Дозволете ми со оваа крената чаша да ве повикам да наздравиме во чест на македонско-германското пријателство, соработката и заедничката европска...

Свет3 часа

Катар за првпат призна: Стотици работници загинаа при работа за Светското првенство во фудбал

Шефот на Светското првенство во Катар, Хасан Ал-Тавади за првпат потврди дека стотици работници – мигранти загинале за време на...

Свет4 часа

Заедничка изјава на министрите на НАТО во Букурешт: Решени сме да ја зголемиме помошта за Украина

НАТО ќе ја зголеми помошта за Украина, не само со воена опрема, туку и за обновување на критичната инфраструктура и...

Македонија6 часа

Штајнмаер во Собранието: Вие решавате како треба да изгледа македонскиот идентитет денес и во иднина

Германскиот претседател, Штајнмаер, во обраќањето во парламентот за време на денешната посета во Скопје ја реафирмираше германската поддршка за членството...

Македонија6 часа

(Интервју) Ленин Јовановски: Од Арсовска зависи дали в петок Скопје ќе биде блокирано

„Арсовска е маќеа на цело Скопје“, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“, во интервју за „Макфакс“. Од градоначалничката на Скопје,...

Македонија10 часа

Почина доктор Јовица Угриновски

По долго и тешко боледување, утрово почина доктор Јовица Угриновски. Веста ја објавија од болницата „Неуромедика“.   View this post...

Македонија11 часа

Дискриминирачки е 10.000 денари повисока плата да имаат вработени во министерства и секретаријати, предупреди Комисијата

Неоправдано е административците вработени во министерства и секретаријати да имаат 10.000 денари повисока плата од другите административци вработени до институциите,...

Свет11 часа

Русија планира гасна унија со две соседни земји

Русија разговара за потенцијална гасна унија со Казахстан и Узбекистан со цел да го зголеми снабдувањето со гас меѓу трите...

Македонија11 часа

Претседателката на Судскиот совет поднесе оставка

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, поднесе оставка од функцијата. „Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на...

Европа11 часа

Столтенберг: Ќе ја браниме секоја педа од нашата територија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Букурешт изјави дека воената алијанса е подготвена да ја брани секоја педа...

Свет12 часа

Папата Франциско ги навреди Русите, Захарова бурно реагира

Папата Франциско изјави дека најсурови меѓу руската армија во Украина се Чеченците, Бурјатите и другите „што не се дел од...

Свет12 часа

Унгарија, поради скапата струја, затвора стадиони, библиотеки, театри и базени

Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во...

Македонија13 часа

МОН: Испорачан дел од новите печатени учебници за основно образование

Министерството за образование и наука информира дека испораката на учебниците за прво, второ, четврто и за петто одделение во основното...

Свет13 часа

Британскиот премиер: Заврши златната доба на односите со Кина

Британскиот премиер Риши Сунак синоќа изјави дека т.н. златна ера на односите со Кина заврши со оценување дека таа земја...

Свет14 часа

Кличко: Нема да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ, ќе поставиме новогодишни елки во Киев

Киев планира да постави новогодишни елки, без светилки, во оштетениот град и покрај нападите на руската инфраструктура, кои оставија делови...

Европа1 ден

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар...

Економија1 ден

Евростат: На Европejците сè потешко им е да врзат крај со крај

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува...

Европа1 ден

Француски пратеник: „Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна, тој е опасна личност“

Франција треба да престане да му доставува оружје на Володимир Зеленски, кој се обидува да започне трета светска војна, рече...

Топ1 ден

Приведен малолетник кој извршил обљуба врз малолетничка од Скопје

Ноќеска по полноќ, бил приведен малолетник кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје. Имено, според полицијата, денеска...

Европа1 ден

Вучиќ од Норвешка: Ситуацијата на Косово врие, Курти се повикува на силата на западните земји

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Норвешка, каде што денеска и утре ќе разговара со државниот врв....