Црна хроника
Скопјанка се однесувала агресивно на Клиниката за гастроентерохепатологија, полицијата ја приведе

Четириесет и деветгодишна скопјанка е приведена поради инциденти на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Како што информифраат од полицијата, жената вчера се однесувала агресивно на Клиниката и оштетила стакло од вратата.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени скопјанка и штипјанец поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н. Л. С. од Скопје и М. Н. (41) од Штип.
На автопатот Скопје – Штип, кај клучката Југ – Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Л. С., во кое сопатник бил М. Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи.
Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај с. Стањевце, Светиниколско. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Изгубил контрола и паднал: 34-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајна незгода во Радовишко

Во текот на вчерашниот ден, во 17 часот, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310 во село Раклиш, С. С. (34) од село Раклиш, управувајќи мотоцикл „хамачи“, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил С. С.., констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
Црна хроника
Приведени двајца крадци од Липковско

Во текот на вчерашниот ден, во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А. С. (18) и Н. М. (19), двајцата од село Слупчане, Липковско.
Тие се сомничат дека на 28.2.2023 со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети.
А. С. и Н. М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.