Топ
Сообраќајка кај МАНУ, повредени четири лица

Во сообраќајна несреќа што утрово се случи кај МАНУ повредени се четири лица.
До сударот дошло помеѓу две возила, а учесниците во несреќата се хоспитализирани.
Полициски службеници го регулираа утрово сообраќајот.
Повеќе информации МВР ќе соопшти во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати

Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати.
Бараат зголемување на месечните примања за 78 проценти по примерот на функционерите, како и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто.
Штрајкот, како што е објавено, ќе се спроведува во сите 28 обвинителства на територијата на државата и ќе трае се’ до исполнување на нивните барања. За време на штрајкот ќе се извршуваат единствено итни и неодложни работи.
Премиерот, Димитар Ковачевски, истакна дека вработените во јавните обвинителства се дел од правосудната фела, и делот на управување не е во надлежност на Владата. Во рамки на она што е можно со Буџетот, рече Ковачевски, Владата ќе излезе во пресрет на сите делови од управувањето со државата, со цел тие да имаат соодветни буџети.
„За распределувањето на буџетот, ако на некои обвинители им се зголемени платите, а на други не, тоа е одлука која се носи од правосудната власт, не се носи во делот на државата. Меѓутоа, 10 проценти зголемување на платите ќе има и дополнително 10.000 денари К-15“, рече Ковачевски.
Топ
Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана.
Од пукањето, како што соопшти МВР, било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“.
„А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Малолетничко насилство во училиштен двор: натепани двајца тинејџери

Двајца малолетници биле физички нападнати во двор на средно училиште во скопската населба Карпош.
Како што информираа од МВР, утрово во станица биле повикани А.З.(18) и уште тројца малолетници, сите од Сингелиќ, скопско, кои се осомниечни за нападот.
Со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.