Црна хроника
Сообраќајка на „Партизанска“ – со автомобил удрил во пешак и во паркирано комбе
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила на „Партизанска“ во Скопје кога автомобил удрил во пешак и во паркирано комбе.
Според информациите на МВР, вчера, во 15 часот, на паркинг-простор од зграда на бул. Партизански одреди во Скопје, Г.Ј. (76) со автомобил „јагуар“ удрил во паркирано товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ и во пешакот М.Ј.(74) од Скопје.
Во незгодата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
