Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, едно лице го загуби животот

Утрово околу 2:30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бе-ем-ве“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун.
Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид.
Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Казнети 262 возачи во Скопје, 143 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 262 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 143 санкции, 31 санкција за возење без возачка дозвола, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, седум мерки за возач почетник, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за некористење сигурносен појас…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Црна хроника
Казнети 66 возачи во Ченто, одземени едно возило и еден мотоцикл

Денеска (26.06.2022) во периодот од 10.00 до 16.00 часот Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на Општина Гази Баба, односно населба Ченто.
При контролата санкционирани се вкупно 66 возачи, од кои 15 за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, две мерки за користење мобилен телефон, седум возачи на мотоцикли поради неносење заштитна кацига… Едно патничко моторно возило е одземено и еден мотоцикл поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Црна хроника
98 казни за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Денеска (26.06.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 98 возачи. Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.