Црна хроника
Со автомобил излетал од скопска улица и удрил во пешак
На скопската улица Јадранска магистрала, во попладневните часови на 24 април, автомобил „опел астра“, управуван од 34-годишен скопјанец, излетал од коловозот и удрил во пешак на возраст од 58 години.
Од ударот пешакот добил повреди, но потешко бил повреден возачот на автомобилот.
Двајцата со брза помош биле пренесени на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
