Црна хроника
Со автомобил паднал на железничка пруга, тешко повредени две лица

Две лица се тешко повредени откако со автомобил паднале на железничката пруга Криволак-Неготино.
„На 28.12.2020 околу 3:30 часот во близина на село Пепелиште, А.И.(49) од село Муртино, Струмичко, управувајќи патничко моторно возило ‘ауди’ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на железничката пруга Криволак – Неготино. По незгодата на возачот А.И. и сопатникот М.И.(23) од село Муртино, Струмичко, во Општа болница Кавадарци, им биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Обвинение за единаесет лица за шверцување мигранти

По спроведената истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинение против 11 лица за шверцување мигранти.
Во периодот од декември 2019 година до октомври 2020 година со умисла и од користољубие обвинетите М. С. (49) и неговиот син С. С. (23), заедно со обвинетиот А. М. (47) и А. А., кој е недостапен на органите на прогонот, организирале група за вршење кривично дело шверцување мигранти.
Припадници на групата станале обвинетите Б. Ј. (23), М. М. (21), Д. С. (29), Т. М. (36), Ф. А. (26) и Д. Љ. (50), кои ги прифаќале и превезувале мигрантите, како и Т. К.-Ц. (53) и Ј. К. (23), кои остварувале чести контакти со обвинетите М. С. и С. С. во врска со извршување на кривичното дело шверцување мигранти.
Воедно, автосервисот, во кој бил вработен обвинетиот Ј. К., бил користен за сервисирање на моторните возила со кои организираната група ги шверцувала мигрантите.
Групата за меѓусебна комуникација користела телефонски апликации на мобилни телефонски броеви од македонски и грчки мобилни оператори преку кои го договарале пренесувањето на мигрантите од Грција во Македонија.
Дејствата ги извршувале преку илегалните премини на т.н. зелена граница во околината на Гевгелија и Дојран, каде што мигрантите од претходно утврдени и договорени локации со возила ги превезувале до претходно извидени и договорени локации во Кумановско-липковскиот Регион. Таму илегалните мигранти во организација на обвинетиот А. М. биле прифаќани, засолнувани и привремено сместувани во објекти на неидентификувани лица, соработници и помагачи на организираната група, а потоа шверцувани преку територијата на Србија кон државите на ЕУ.
Поради начинот и мотивот на извршување на кривичното дело, особено околноста што ова кривично дело има меѓународен елемент во извршувањето и поврзаност на извршители од повеќе земји, Обвинителството достави и посебен предлог со кој се предлага продолжување на мерката притвор за обвинетите М. С., С. С., М. М., Д. С., Д. Љ. и А. М. и мерката куќен притвор за Т. К.-Ц., Ј. К., Т. М. и Ф. А. За обвинетиот Б. Ј. мерката притвор за кривичното дело шверцување мигранти е претходно определена.
Црна хроника
Приведен крадец од Штипско, сторител на 22 тешки кражби

По преземените дејства од страна на штипската полиција, на 18 јануари бил уапсен 25-годишниот П. И. од селото Црвулево, општина Карбинци, поради сомнение дека е сторител на 22 кривични дела тешка кражба од куќи и на работни машини во селото.
Осомничениот од октомври 2020 до јануари 2021 на подрачјето на селото Црвулево сам извршил 11 кривични дела тешка кражба, а другите 11 кривични дела ги изршил заедно со 27-годишниот О. А. од селото Аргулица, насилно влегувајќи во куќи, од каде што одзеле разни предмети, работни машини и алати.
Некои од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. Се работи на целосно комплетирање на настаните по што против П. И. и О. А. до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Топ
(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски операции, пресече меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Република Северна Македонија.
Притоа, на булеварот „Јадранска магистрала“, на влезот во Скопје било запрено патничко возило „шкода фабија“, управувано од А.М.(42) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра.
А.М. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка,при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. А.М. е познат сторител на кривични дела, осудуван и издржувал затворска казна, а во 2017 во Република Србија е лишен од слобода при транспорт на поголема количина хероин, соопшти МВР.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот