Контакт

Црна хроника

Со автомобил удрил во пешак во Козле и избегал

Објавено пред

Непознато лице со возило удрило во пешак во Козле и избегало од местото на несреќата. Пешакот со тешки повреди бил пренесен во болница.

Според информациите на МВР, вчера во 10.30 часот било пријавено дека на улица Козле во Скопје автомобил удрил во пешакот М. С. (50) од Скопје по што избегал.

Во незгодата пешакот добил тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Топ

Во Охридското езеро се удави 49-годишен маж

Објавено пред

Во водите на Охридското езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело, на плажа на кеј „Македонија“.

На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител и полициски и медицински екипи од итната медицинска помош, при што констатирано е дека се работи за С.Ј.(49) од Охрид, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична против eксдиректорот на „Водовод“ Прилеп поради несовесно работење

Објавено пред

СВР Битола – ОВР Прилеп, до ОЈО Прилеп, поднесе кривична пријава против Е.Ј.(49), директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, З.К.(53) од Скопје, вработен во приватна фирма од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или приватно партнерство“, Д.К.(52) од Скопје, вработен во друга приватна фирма за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или приватно партнерство“ и против двете правни лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или приватно партнерство“.

Првопријавениот, во текот на 2018 година во име на претпријатието спровел постапка за јавна набавка на стока – „уред за скенирање на подземни линии“ и наместо преку неа да овозможи рационално и ефикасно користење на средствата од претпријатието, после спроведената електронска аукција, на која била постигната висока цена, донел и своерачно потпишал „одлука за склучување на договор“, наместо да ја поништи постапката затоа што цената била висока, тој создал услови за меѓусебен договор на двата економски оператори во постапката за јавна набавка на уред за скенирање на подземни линии. На ваков начин предизвикал штета на буџетот од јавното претпријатие во износ од 2.300.000 денари.

Второпријавениот, во име на четвртопријавеното правно лице и третопријавениот во името на петтопријавеното правно лице, во текот на 2018 година во својство на единствени економски оператори, со меѓусебен договор, ја изиграле постапката за јавна набавка на уред за скенирање на подземни линии, спроведена од страна на договорниот орган ЈКП ,,Водовод и канализација“ Прилеп, на тој начин што не се ни спровел реален конкурентски однос помеѓу нив, односно само привидно, за мала вредност, ја спуштиле почетната цена и овозможиле да биде склучен договор за јавна набавка помеѓу договорниот орган и петтопријавениот правен субјект, за нереално висока цена. За да и двата правни субјекти преку јавната набавка се стекнат со имотна корист, се договориле второпријавениот, во име на четвртопријавениот субјект, да ја изврши набавката на потребниот уред и истиот за сума скоро двојно поголема од набавната да го продаде на третопријавениот во име на петтопријавениот субјект, кој понатаму согласно договорот за јавна набавка го предал на договорниот орган. Преку постапката, двата економски оператори се стекнале со имотна корист во износ од 600.000 денари, односно од 1.700.000 денари.

Прикажи повеќе...

Топ

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Објавено пред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х. вработен како помлад советник во Одделението за управни работи Скопје при МВР поради констатирана повреда на член 168 од ЗВР и постапување спротивно на внатрешните акти на Одделението за граѓански работи со што сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина.

Како што информира полицијата, тој бил избран за член на Советот на Општина Арачиново, а во МВР бил вработен каде што ги остварува правата од работниот однос, а, пак, со ангажманот како општински советник констатирано е дека тој сè уште ја претставувал партијата за која бил избран на локалните избори.

Во врска со овој случај задолжен е Одделот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси да ги разгледа законските прописи што ја регулираат оваа материја и да преземат активности во однос на ваквото постапување на работникот – посебно со платата и надоместоците од плата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ20 минути

Во Охридското езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело, на плажа на кеј „Македонија“. На местото...

Македонија1 час

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа2 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија3 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ3 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет4 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија5 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет6 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија6 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија6 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион7 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа7 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет7 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија8 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет8 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија9 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион9 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија20 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет23 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт23 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Досие