Црна хроника
Со возило се обидел да удри работници
Во СВР Скопје на 14 февруари 2026 година во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата од Н.К. од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.
Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот. Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода С.Џ.(39) од Прилеп.
По претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага и други предмети.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Синот со нож го нападнал татко си: семејно насилство во Охридско
60-годишен маж бил нападнат од неговиот син во Охридско, соопшти полицијата.
Имено, вчера во 11:40 часот во СВР Охрид, Г.Н.(60) од охридско село пријавил дека во својот дом физички со нож бил нападнат од неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
За да излезе порано од работа лажно пријавил дека има поставена бомба: уапсен кичевец
Утрово во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј.
Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба.
По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно пријавување. По преземени мерки, Р.Б. е пронајден во викенд куќа во кичевското село Осломеј и е лишен од слобода.
Притоа, тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа.
Р.Б. е задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
