Црна хроника
Со закана со пиштол решавал недоразбирања во сообраќајот

На 25.01.2023 во 14.00 часот во с. Батинци, Скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(57) од с. Цветово, Скопско, затоа што околу 11.45 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот на подрачје на Кисела Вода, му упатил закани со пиштол на А.К.(43) од Скопје.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кумановец чистејќи го својот пиштол се застрелал

Кумановец чистејќи го својот пиштол се застрелал во текот на вчерашниот ден.
„На 26.03.2023 во 19.24 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.Ц.(48) од Куманово во својот дом во с.Тромеѓа, кумановско, чистејќи го својот пиштол, испукал куршум со кој се повредил, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош“, велат од полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Топ
Французин крадел во станови во Скопје, одреден му е притвор

31-годишен французин е во притвор откако бил уапсен за кражби во три стана во скопската општина Центар. Одреден му е притвор од осум дена.
– Полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје вчера (26.03.2023) го лишија од слобода А.Ж.М. (31) од Франција поради основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во три стана на подрачје на општина Центар. Лицето со кривична пријава е предадено на јавен обвинител, а судија од Основен суд Скопје му одредил мерка притвор во траење од осум дена, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Жител од тетовско со нож нападнал и расекол соселанец

Вчера попладне 69-годишен жител на тетовското село Мала Речица е уапсен откако 51-годишен соселанец го пријавил дека го нападнал и го расекол со нож, велат од полицијата.
„Полицајци од СВР Тетово на 26.03.2023 околу 18.25 часот го лишиле од слобода 69-годишниот Џ.З. од тетовска Голема Речица, кој час и половина пред тоа бил пријавен од неговиот соселанец Н.С.(51) дека околу 15.00 часот во Мала Речица физички го нападнал, при што употребил и остар предмет со кој го повредил Н.С.,“, се вели во полициското соопштение.
По целосно документирање на случајот против Џ.З. ќе следува соодветен поднесок.