Црна хроника
Со пенкало си го преправил датумот на важност на патната исправа: приведен маж од Турција на граничниот премин Стар Дојран

Синоќа, во 3.50 часот, на граничниот премин Стар Дојран полициски службеници го лишиле од слобода Е. И. (56) од Република Турција.
При пасошка контрола било констатирано дека датумот на важност на неговата патна исправа бил преправен со пенкало.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Малолетник со мотоцикл удри во малолетничка од Струга.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 21 септември, околу 20 часот, на улицата ЈНА во Струга.
„Малолетник од селото Радолишта, Струшко, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетничка – пешак од Струга“, објави МВР.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на место на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.
Црна хроника
Четири лица повредени во сообраќајка кај Кавадарци

Синоча на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, кај место викано „Дреновска спирка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(44) од с.Долно Лакочереј, охридско и патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.А.(53) од с.Дреново, кавадаречко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.С., сопатникот во неговото возило З.А.(46) од с.Велгошти, охридско и сопатничката во возилото „фиат“, Ж.Б.(44) од с.Ваташа, кавадаречко, констатирани во болницата во Кавадарци.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Прилепчанец фатен на дело додека крадел од соблекувална во основно училиште

Синоќа на улицата Јане Сандански во Прилеп, полициски службеници го привеле Е.А.(38) од Прилеп.
Тој бил затекнат при извршување кражба во соблекувална на спортска сала на основно училиште. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопствениците.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.