Топ
Спречен обид за шверцување лекови од Македонија кон Косово

Спречен е обид за шверцување поголема количина лекови од Македонија кон Косово.
На 26.12.2021, во 19.50 часот, во атарот на селото Јажинце, Тетовско, било забележано лице што носело два поголеми пакета и не застанало на наредба на полициските службеници.
При преглед на теренот биле пронајдени пакетите, кои содржеле разновидни лекови, од кои 17.410 таблети, 970 ампули и 120 капсули. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“.
Според информациите од терен, две лица имаат и тешки повреди.
Првичните информации укажуваат дека автомобилот „рено“ се превртел откако излетал од патот. Засега нема информации за второ возило кое учествувало во несреќата.
„Станува збор за патничко моторно возило “Рено 19” со скопски регистарски ознаки што го управувала З.М.(20) од скопско Морани. Повредите се констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид врши екипа од СВР Тетово“, велат од МВР за „Макфакс“.
На терен и натаму има полициски службеници.
Топ
(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево. Според полицијата во неа учествувале три возила.
„ Се случи сообраќајна несреќа, увидот е во тек “, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид за „Макфакс“
Според првичните информации на репортерот на “Макфакс“ во несреќата учествувало товарно комбе кое се судрило со автомобил марка „Фолксваген“.
На местото на несреќата беа присутни повеќе луѓе, како и Брза помош, кои им укажуваа помош на патниците.
Топ
Ја удирал вонбрачната партнерка со тупаници и клоци по главата и телото, скопјанец осомничен за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Во семејниот дом на улицата „Партение Зографски“, во периодот од 25 до 30 мај, осомничениот 45-годишен скопјанец, во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата вонбрачна партнерка, нанесувајќи и тешки телесни повреди.
Тој ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото, при што кај оштетената предизвикал тешки телесни повреди изразени во вид на хематоми во пределот на лицето, на двете подлактици и мултифрагментарни фрактури на носните коски.
Јавниот обвинител оценувајќи ги околностите кои што, како што е нагласено во соопштението, очигледно укажуваат на опасност од бегство и го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото, како и фактот што конкретниот кривично-правен настан генерално се однесува против моралот.
Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор.