Контакт

Црна хроника

Србин и Турчин приведени на скопскиот аеродром

Објавено пред

Државјани на Србија и Турција биле приведени на скопскиот аеродром на 22 август, во два одделни случаја.

Како што информираат од МВР, и двајцата се наоѓале на листата на лица за апсење.

Србинот на возраст од 24 години и 61-годишниот Турчин биле идентификувани при пасошки контроли на аеродромот.

Двајцата се приведени и предадени им на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Скопјанец повреден при пожар во стан во Кисела Вода

Објавено пред

Скопјанец на возраст од 40 години е повреден во пожар кој избил во стан на улицата Ѓорѓи Сугаре.

Како што информираат од МВР, пожарот избувнал во вечерните часови на 18 септември во станот во кој престојувал 40-годишникот.

Притоа, мажот се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување  лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје.

Надлежните работат на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

„Ауди“ не сопрело на полициска наредба, а кратко потоа од него се истовариле мигранти

Објавено пред

Осуммина мигранти од Пакистан затекнале полициските службеници при потера по автомобил „ауди“ на автопатот Гевгелија – Скопје.

Како што информираат од МВР, во вечерните часови на 18 септември, кај местото викано „Први тунели“, полицајци дале знак за запирање на „аудито“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало.

Набргу потоа во близина на бензинска пумпа кај Демир Капија од возилото се истовариле осум лица, за кои при проверка било утврдено дека се мигранти од Пакистан.

Тие биле предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден основец кој паднал од прозорец на училиште во Велес

Објавено пред

Во велешката полиција на 18  септември пријавен бил инцидент што се случил во основното училиште „Панко Брашнар“.

Според пријавата, при игра со соученици, од прозорец на училница на прв кат, паднал ученик од 9. одделение.

Детето се здобило со тешка телесна повреда и било веднаш пренесено во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

Надлежните работат на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет9 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија15 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија15 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија16 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион16 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ17 часа

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија17 часа

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ18 часа

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет18 часа

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет18 часа

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет18 часа

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија19 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија20 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт1 ден

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија1 ден

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија1 ден

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија2 дена

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија2 дена

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Досие