Црна хроника
Српски криумчар на мигранти фатен на автопатот Неготино – Демир Капија

На автопатот Неготино – Демир Капија, синоќа околу 22 часот полициски службеници лишиле од слобода 20-годишен државјанин на Србија со иницијали Ф.Р, кој нелегално превезувал 41 мигрант од Куба и Индија, од кои петмина биле малолетници.
Како што информираат од МВР, возачот управувал товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки.
По целосно документирање на случајот, против Србинот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Видео) Запленети четири вреќи со марихуана вредни околу 100.000 евра, дилерите при бегство оштетиле полициско возило

Полицијата спречила транспорт на речиси 35 килограми дрога, а во врска со настанот уапсени се две лица од скопско Арачиново.
Според надлежните, денеска, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во содејство со Одделот за специјални полициски операции – САЕ „Тигар“, Оперативен тим Потраги при СВР Скопје и СВР Тетово, лишени од слобода се две лица од с. Арачиново, Скопско, при што е спречен транспорт на речиси 35 кг дрога.
Имено, во утринските часови на наплатната станица кај Тетово, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници дале знак за запирање патничко возило „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано К. А. (32), во кое сопатник бил О. А. (23), двајцата од с. Арачиново, Скопско. Лицата не ја почитувале дадената полициска наредба да го сопрат возилото, туку се дале во бегство, притоа оштетувајќи службено полициско возило, но набргу се запрени и лишени од слобода.
При извршен преглед во багажниот простор на возилото пронајдени се 4 вреќи со марихуана, со вкупна тежина од речиси 35 кг, со вредност од приближно 100.000 евра. На самото место на наплатната станица кај Тетово излезе и јавен обвинител од ОЈО Тетово, кој го раководеше увидот. Малку подоцна, по добиена судска наредба, извршени се претреси и во домовите на двете лица во с. Арачиново, при што пронајдени се предмети поврзани со кривичното дело.
МВР против А. К. подолг временски период преземаше мерки и активности за негово пронаоѓање и лишување од слобода бидејќи за него е распишана централна потерница поради бегство од штипскиот затвор, каде што има за доиздржување затворска казна од речиси 6,5 години, а се барал и по расписи за извршени повеќе кривични дела, како шверцување мигранти и шверц со дрога, соопшти Сузана Прањиќ-Талевска од МВР.
Двете лица се приведени во СВР Тетово и против нив во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик.
Денешната акција е уште една од низата акции на МВР во последниот период преземени во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства, но и многуте мерки и активности за пресметка со сите видови криминал.
Црна хроника
Вчера избувнал пожар во помошна котларница во електраната РЕК „Осломеј“

Пожар бил регистриран во текот на вчерашниот ден во помошна котларница во РЕК „Осломеј“, информира полицијата.
Имено, вчера, во 12.25 часот, во полициското одделение во кичевското село Осломеј било пријавено дека во помошна котларница од електраната РЕК „Осломеј“ извувнал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
Црна хроника
Приведена штипјанка, се обидела да размени фалсификувана банкнота

Во текот на вчерашниот денм околу 9 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип ја лишиле од слобода С. Ш. (56) од Штип поради сомнение дека во менувачница во Штип се обидела да размени фалсификувана банкнота од 100 евра.
Банкнотата била одземена за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.