Црна хроника
Старец од Конче починал откако се превртел со трактор
Старец на возраст од 81 година се превртел со својот трактор, а откако бил пренесен во болница, починал.
Имено, во вторникот, во 21.15 часот во полициска станица Радовиш, дежурен лекар во Итна медицинска помош Радовиш пријавила дека кај нив бил донесен повреден А.Р. (81) од село Конче, кој најверојатно на м.в. „Конечки дол“ се превртел со трактор.
По укажаната лекарска помош истиот бил пренесен во Клинички центар Штип. Околу 00.10 часот во Клинички центар Штип лицето починало. Увид местото на настанот бил извршен во среда./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу „ауди“ и мопед во Скопје
Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Шуто Оризари“ и ул.„Бутелски венец“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х.(67) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од О.З.(57), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот, Б.З.(54) од Скопје, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повреден возач на мопед: во него удрило возило и побегнало
Во СВР Скопје вчера во 08.40 часот било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(41) од Скопје, по што возачот со патничкото возило го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Прегазен 70-годишен пешак од Тетово
Вчера во СВР Тетово било пријавено дека околу 17.10 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(64) од с.Порој, удрило во пешакот Ф.С.(70) од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ф.С., констатирани во Клиничка болница Тетово.
По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.