Црна хроника
Старец силувал девојче во Џепчиште
Во полицијата во Тетово, четириесет и четиригодишен жител на село Џепчиште, тетовско, пријавил дека негов шеесетгодишен соселанец во два наврати ја силувал неговата шеснаесетгодишна ќерка.
Имено, според пријавата на таткото на девојчето, шеесетгодишникот во август и октомври 2016 година, во два наврати, со својот автомобил го пресретнувал девојчето и со употреба на сила ја внесувал во автомобилот, по што ја носел на различни локации каде што ја присилувал на сексуален однос.
Пријавениот сам се пријавил во СВР Тетово и комплетно го негирал кривичното дело. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец насилно турнал момче во багажниот простор од возилото и барал да му каже кој удирал со снежни топки: го нападнал и неговиот другар
Ноќеска во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице.
Тој насилно го турнал момчето во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило.
Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
За долг од 20.000 евра барале да им се исплатат 50.000: тројца скопјани со закани по живот изнудувале пари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „изнуда“.
Пријавените, од ноември 2025 до 25.12.2025, со закани по животот на Ш.К.(32), барале за наводен долг од 20.000 евра, кој го должи 26-годишниот Н.К., да исплатат 50.000 евра.
Црна хроника
Полицајка издала службена тајна: на мобилниот од брат и кажала дека полицијата ќе извидува со дронови
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.
Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна акција.
Со ваквото дејствие, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“, соопшти полицијата.
Одделот за внатрешна контрола против В.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

