Црна хроника
Стружанец го прекршил полицискиот час и нападнал полицајци

Две лица од Охрид и Струга вчера се затекнати за време на забраната за движење.
Од СВР Охрид информираат дека вчера, кај местото Мороишки мост, општина Струга, извршена била контрола врз Б.Ж. (28) од струшкото село Велешта, кој ја прекршил забраната за движење. При обид за негово приведување, тој физички ги нападнал полициските службеници. Истиот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 25 контроли на лицата кои веќе се во изолација ( Охрид-14, Струга-8 и Кичево-3). Евидентирани се 5 нови лица во самоизолација, (Охрид-2, Струга-1, Дебар-2) и извршени се 112 контроли врз овие лица ( Охрид-7, Струга-27, Кичево-3 и Дебар-75).
На подрачјето на СВР Охрид регистрирани се вкупно 593 лице што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 293, Струга- 300) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 114 контроли на угостителски објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.