Црна хроника
Струмичкото Обвинителство обвини 41 лице за непостапување според здравствените прописи
Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 41 лице за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Oбвинителството предложи судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од 10 евра во денарска противвредност.
Обвинетите во одделни кривично-правни настани не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија, со кои се забранува движење на населението на територијата на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
