Црна хроника
Судар на автобус и автомобил во Охрид, има повредени
Со повреди се здобиле учесниците во сообраќајката што се случи синоќа на магистралниот пат Охрид-Кичево после мостот кај влезот за село Горенци.
МВР соопшти дека во несреќата учествувале патничко моторно возило „шевролет“ со скопски регистерски таблици управувано од K.Х.Х.(55) од Скопје и автобус „ивеко“ со охридски регистерски таблици управувано од Ч.К.(57) од Охрид.
„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош. Со телесни повреди се здобил возачот на автобусот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“. Со телесни повреди се здобила и патник во автобусот И.Ќ.(21) од Охрид која исто така со возило на Итна медицинска помош пренесена била во болницата “Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош“, соопшти министерството.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.
По сообраќајката синоќа, речиси два часа во прекин беше сообраќајот на патот Охрид-Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.