Црна хроника
Таксист нападнат и ограбен кај депонијата „Дрисла“

Скопски таксист синоќа пријавил напад кај депонијата „Дрисла“.
Според информациите од полицијата, нападот го извршил патник, кој го удрил таксистот со тврд предмет и му ги одзел парите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
46 лица го прекршиле полицискиот час

Синоќа 46 лица не ја почитувале забраната за движење, јави МВР.
Во текот на изминатото деноноќие за мерката за носење заштитна маска, како превенција од коронавирусот, регистрирани се 611 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи воено апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.
Црна хроника
(Видео) 153 сообраќајни прекршоци во Скопје, 61 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, пет за возење без возачка дозвола, 10 за некористење сигурносен појас.
Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли и 35 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Црна хроника
Детали за убиството во Струга: Ја избол сопругата до смрт додека биле на гости кај пријатели

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја уби жената на возраст од 34 години.
Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели каде што сопружниците биле во посета.
По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот.
По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?