Топ
Татко влегол во училиштен двор и повредил девојче бидејќи се расправало со ќерка му

Четириесет и едногодишен маж од Тетово бил повикан во полицијата по пријава дека во училиштен двор физички нападнал и повредил малолетничка која имала недоразбирања со ќерка му.
Случајот го пријавил таткото на нападнатото девојче.
Од полицијата велат дека во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили.
Силниот ветер носел покриви од куќи, а паднатите дрвја го блокирале патот Дуброво-Војшанци.
Невремето траело кратко но предизвикало големи материјални штети на тамошните жители.
Топ
Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје.
Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител.
Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров.
Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.
Македонија
Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија. Според информации на „Макфакс“, одлуката е донесена откако против Русковска, но и Ивана Трајчева, како и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција.
Постапката ја поведе републичкиот обвинител Љубомир Јовески, а по претресот во финансиската полиција за кој беше утврдено дека е незаконски направен. Дисциплинската комисија ќе треба да утврди кои повреди се направени.
Од Обвинителството попладнево потврдија дека за обвинителите постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.
„Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, додаваат од Обвинителството.