Црна хроника
Татко обљубувал ќерка со ментална попреченост во Кичево
Еден кичевец е приведен, откако неговата ќерка го пријавила дека повеќекратно вршел обљуба над неа.
Имено, во вторникот, во 12 часот во полициска станица Кичево, 24-годишно женско лице од село во Општина Пласница, пријавила дека во нивниот дом во последните два месеци, а последен пат на 16.01.2017 година околу 6,40 часот, од страна на нејзиниот 55-годишен татко и било извршена обљуба.
Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР-Кичево. Бидејќи лицето било со умерена ментална попреченост, известен бил Центар за социјални работи-Кичево и извршен е разговор со истата по што била однесена на гинеколошки преглед во болницата во Кичево.
Осомничениот е лишен од слобода и против истиот по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец нападнал лекар во Градска болница, оштетил биро и компјутер

МВР информира дека рано утринава во 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.К.(27) од Скопје затоа што околу 01.10 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработен во казино во Аеродром

Денеска во 04.20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го привеле Д.С.(31) од Скопје затоа што околу 03.17 часот во казино на подрачје на Аеродром физички нападнал вработен како обезбедување.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Акциска контрола, констатирани 75 сообраќајни прекршоци на територијата на Македонија

Во текот на денешниот ден, во периодот од 06 до 10 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, со цел зголемување на безбедноста на учениците односно нивниот транспорт до училиштето и назад.
При акциската контрола констатирани се 75 прекршоци по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (19 на подрачје на СВР Штип, 14 СВР Велес, 10 СВР Битола, по 9 на подрачје на СВР Струмица и Куманово, 7 СВР Охрид, 4 СВР Тетово и 3 СВР Скопје) и 9 прекршоци од Законот за возила (5 на подрачје на СВР Тетово и по 1 на подрачје на Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Штип и Куманово). За време на акциските контроли извршени се проверки на 52 возила кои вршат јавен превоз, а презмени се и други активности. По извршените проверки, 37 возила се упатени на вонреден технички преглед, додека 13 возила се исклучени од сообраќај.