Контакт

Топ

Татко си го тепал двегодишниот син до онесвестување

Објавено пред

Татко си го тепал двегодишниот син до онесвестување по што ги заклучил другите деца во соба, а ја претепал и сопругата кога сакала да им помогне. Детето е задржано во болница на лекување, а татко му е приведен во полиција.

Нов случај на семејно насилство во Скопје открива полицијата во утринскиот билтен. Станува збор за 47-годишен Скопјанец Ф.С. против кој е поднесена кривична пријава од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје. Според полицијата, тој извршил две кривични дела – телесни повреди во вршење семејно насилство, казниво по член 130, став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Скопјанецот на 8 јули годинава во семејниот дом, во алкохолизирана состојба, физички ги нападнал својот двегодишен син и сопругата Ѓ.С. и им нанел телесни повреди. Додека сопругата била на работа, таткото физички го нападнал двегодишното дете по што тоа се онесвестило.

Како што информира полицијата, околу 18.30 часот мајката дошла од работа и ги затекла своите четири малолетни деца заклучени во соба. Во моментот кога нејзиниот најстар син (9 години) ја отворил вратата, скопјанецот физички ја нападнал сопругата. Таа успеала да избега во собата кај децата, кои кажале дека татко им ги тепал сите, а најмногу најмалиот брат.

Набргу мајката со такси-возило го однела двегодишниот син во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на лекување.

Во разговор со полициските службеници Ѓ.С. изјавила дека ова не е прв случај на семејно насилство од страна на Ф.С.. Тој и порано ги малтретирал. Со помош на Центарот за социјални работи на град Скопје другите три деца биле згрижени во шелтер-центар.

На 9 јули во 1.05 часот пријавениот Ф.С. бил приведен  и задржан во полициска станица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Крвав четврток

Села: Претседателите на партиите кои не присуствуваа на 27 април се најверојатно и организаторите

Објавено пред

,,Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина одредени претседатели на политички партии да не бидат присутни во Собранието. Сите што тој ден не беа присутни, најверојатно знаеле и најверојатно биле организатори на настанот. Не зборам само за едно име и презиме, туку за неколку претседатели кои не беа присутни тој ден”, рече пратеникот Зијадин Села на денешното сведочење за ,,крвавиот четврток”.

,,Јас чекам одговори од оваа судска постапка за настаните од 27 април. Можеби и повеќе од обвинетите тука. Судската постапка ќе даде одговор на прашањето дали некој знаел или претпоставил што ќе се случи на 27 април”, рече Села.

На седницата на 27 април на која Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието не беа присутни претседателите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видео надзор

Објавено пред

Судењето за ,,крвавиот четврток” по паузата продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била присутна во Собранието како вработена во службата за обезбедување на објектот.

Јовановска во своето сведочење истакна дека обвинетиот Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски издал наредба да се отвори просторијата каде стоеле дисковите од собраниските безбедносни камери.

,,Околу 21 часот отидов кон пријавницата да ја сменам батеријата од радио станицата. Во тој момент дојдоа колеги кои се претставија дека се од УБК и побараа да се отвори собата за видео-надзор. Колешката Александра им кажа дека за да се отвори таа просторија потребна е наредба од непосреден старешина. Бидејќи тогашниот началник беше повреден, колешката се двоумеше од каде да побара дозвола. Тогаш му се јави на Ѓошевски и кажа дека добила дозвола да ја отвори просторијата. Не слушнав точно што разговараат”,сведочи Јовановска.

Сведокот истакна дека од четирите лица кои се претставиле дека се од УБК, познава еден и тоа обвинетиот Оливер Радулов. Обвинетиот Радулов ја запраша Јовановска од каде се познаваат, на што таа одговори дека го знае од Факултетот за безбедност.

Судијката Добрила Кацарска даде десет минути пауза по што судењето ќе продолжи со сведочење на пратеникот Зијадин Села.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Објавено пред

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот Горан Ѓошевски – Леви. Судијката Добрила Кацарска го испрашуваше Вељаноски за неговата улога во собраниските инциденти.

„Што му пишавте на Горан Ѓошевски – Леви во 17 и 47 часот? Зошто му пишавте порака на Ѓошевски со содржина ‘бидете на штрек’?“

Судијката Кацарска го праша Вељаноски за пораката што Ѓошевски му ја испратил со содржина „сите знаат и од МВР“ и го праша кои се тоа сите од МВР, на што Вељаноски не знаеше да одговори.

Експретседавачот на Собранието рече дека во неговиот кабинет не влегле луѓе со фантомки. Судијката го праша уште еднаш дали е сигурен дека немало такви лица во претседателскиот кабинет, на што тој одговори со „да“.

Вељаноски кажа дека неговото обезбедување не го известило дека во Собранието шетаат луѓе со маски, по што судијката го потпраша сведокот како сака да го ангажира и понатаму за негов обезбедувач, а не си ја врши работата.

„Дали сте биле барем со нешто запознаени на 27 април“,  Кацарска го праша Вељаноски, на што тој рече дека се сеќава оти имал комуникација со Ѓошевски.

„За кој Душко станува збор во оваа порака од 27 април 2017 година? Кој е тој Душко, на кого треба да му бидат кажани мерките?“, го праша Кацарска сведокот.

Вељаноски одговори дека Душко е ликот со кого разговарал за изработка на полици на село, на што судијката му рече „на 27 април зборувавте за полици на село?“, по што Вељаноски се насмевна.

Кацарска го прашуваше дали комуницирал на 27 и 28 април со Крсто Мукоски и Митко Чавков. Тој рече дека со Чавков комуницирал само за дисциплинската постапка на Горан Ѓошевски.

„Знаевте ли дека во салата 3 се тепаат пратеници и се напаѓаат новинари“, праша судијката, а Вељаноски рече дека имало на телевизија, но тој ниту пријавил, ниту гледал зашто тоа било надлежност на МВР.

На крајот од сведочењето судијката Кацарска го праша Вељаноски:„Дали на 27 април единствено се грижевте Вашето обезбедување да не дозволи никој да седне на Вашето место?“

По сведочењето на Вељаноски следува пауза, по што ќе бидат сослушани преостанатите дополнителни сведоци предложени од одбраната на обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток45 минути

Села: Претседателите на партиите кои не присуствуваа на 27 април се најверојатно и организаторите

,,Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток2 часа

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видео надзор

Судењето за ,,крвавиот четврток” по паузата продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Крвав четврток3 часа

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот...

Крвав четврток5 часа

Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика” – Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки...

Македонија5 часа

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија6 часа

(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток6 часа

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија7 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија8 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа8 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет10 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија10 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа21 час

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија1 ден

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија1 ден

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија1 ден

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија1 ден

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ1 ден

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток1 ден

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија1 ден

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Досие