Црна хроника
Татко ја нападнал својата малолетна ќерка и психички ја малтретирал, МВР го расчистува случајот
Во полицијата било пријавено дека татко од Бутел психички ја малтретирал, а потоа и нападнал неговата малолетна ќерка.
„На 12.07.2024 во 15.50 часот во СВР Скопје, од Јавна установа-Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел во Скопје, во повеќе наврати З.Т.(39) од Скопје и упатувал закани и психички ја малтретирал неговата малолетна ќерка, а на 09.07.2024 околу 22.00 часот физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, објави МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник
Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг.
Според пријавата во СВР Штип на 12 април во 12:45 часот, во полуотвореното одделение Д.С. (45) од Виница го нападнал Т.Ј. (21) од Штип, при што двајцата се осуденици во установата.
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдено зрно од оружје на тераса на Бит Пазар
Жителка на Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Бит Пазар пронашла заталкано зрно од огнено оружје.
Според информациите од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 12 април во 12:57 часот од Е.Џ. (42). Таа навела дека зрното го забележала на подот од терасата во домот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од пат, повредени лица од Богданци и Гевгелија
На локалниот пат од село Миравци кон село Петрово, гевгелиско, доцна вечерта се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „ауди“ излетало надвор од патот.
Несреќата била пријавена на 12 април во 23:00 часот, а возилото било управувано од К.Д. (28) од Богданци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д. (27) од Богданци, додека со телесни повреди се здобил сопатникот М.С. (25) од Гевгелија.
Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гевгелија.
