Контакт

Топ

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Објавено пред

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско.

По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација издадена од Република Грција и било утврдено дека станува збор за малолетник од Авганистан, додека кај другото лице не биле пронајдени документи за идентификација.

По наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.

Македонија

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Објавено пред

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката ситуација е стабилна, дека минатата недела имало 5 проценти помалку дијагнотицирани случаи од претходната недела, како и дека тоа се чувствувало во болниците.

„ Сметам дека рестрикција во однос на затворање граници нема да даде ефект, бидејќи досега видовме дека кога ќе се појави нов сој тој не може да се спречи каде било во светот. Очиглено е дека соеви ќе се појавуваат и понатаму, така што остануваме со досегашните мерки, кои мислиме дека се добро димензионирани. Ова е нов сој, сé уште се испитува, па така нема потреба да правиме нови рестрикации“, изјави Филипче.

Тој додаде дека на утрешната влада ќе дебатираат за финансиската стимулација за матичните лекари, со која тие ќе добијат по 30 денари од пациент, ако ги убедат 70 посто од нивните пациенти да се вакцинираат.

„Опфатени се околу 1.500 матични лекари. Тоа би било еден бонус, кој ќе го добијат. Веќе разговарав со дел од колегите. Тие треба преку комуникација, апели, повици да ги убедат граѓаните да се вакцинираат. На влада ќе зборуваме за сите предложени мерки. Ќе биде поголем фокус. Матичните лекари имаат апсолутно право да ги мотивираат пациентите да се вакцинираат“, рече ресорниот министер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

Објавено пред

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели Африм Гаши, лидерот на Алтернатива за нивниот влез во Владата. Прашан дали ќе го бараат Министерството за здравство како ресор, тој кажа дека нема да се разговара за тоа на средбата со премиерот Зоран Заев туку само за концептот.

„Ние сме кажале дека тоа е интерес на сите граѓани, да нема брзи избори. Нормално за такво нешто нема гаранција, бидејќи секогаш можат да се соберат 61 пратеник и да одлучат да се распушти Собранието. Сакаме Влада која до 2024 година ќе ги отвори преговорите со ЕУ и ќе направи напредок или да бидеме членка на ЕУ или да бидеме при крај“, кажа Гаши.

За тоа, дали Димитар Ковачевски е прифатливо име за премиер на државата, Гаши вели: „Не е одговорно ние да бараме од друга партија кој ќе биде мандатар или премиер. Тоа е работа на СДСМ и тие треба да одлучат за тоа“.

Прикажи повеќе...

Европа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Објавено пред

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот вид омикрон, изјави Владимир Гушчин, шеф на лабораторијата на рускиот истражувачки центар „Гамалеја“, за механизмите на различноста на популацијата на патогени организми.

„Можеме да бидеме сигурни дека вакцините ќе продолжат да работат и ќе штитат од потешки форми на инфекција, како што се случи со сите претходни видови на вирусот, а тоа е најважното нешто“, изјави Гушчин за вестите на телевизијата „Русија-24“.

На прашањето дали е неопходно да се прилагоди составот на вакцините против Ковид-19 поради појавата на сојот омикрон, Гушчин одговори дека ќе може да се каже нешто поконкретно по доволно проучување на вирусот.

„Одговорот на тоа прашање ќе биде можен дури по експерименталното истражување. Претпоставувам дека првите резултати ќе бидат достапни за научната заедница за три или четири недели. Ќе може да се потпрете на нив. Засега не можеме да кажеме колку тоа ќе биде потребно“, објасни Гушчин.

Според него, ако е вистина дека вирусот претрпел повеќе мутации, првото прашање што се поставува е како влијаел на ефикасноста на вакцините, бидејќи одредени мутации можат да ја намалат можноста за неутрализирање на вирусот.

„Тоа го знаеме од искуството на справување со претходните соеви. „Иако постои одредено намалување на ефикасноста во однос на одредени соеви, не исчезнува целата заштитна функција на антителата“, додаде Гушчин.

Светската здравствена организација (СЗО) именуваше нов вид на омикрон минатата недела. Станува збор за сој кој има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки за СЗО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија18 минути

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа2 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот вид омикрон, изјави...

Македонија3 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа4 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет5 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија1 ден

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет1 ден

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија1 ден

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија1 ден

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет1 ден

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија2 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија2 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија2 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија2 дена

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет2 дена

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет2 дена

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија2 дена

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Досие