Црна хроника
Тетовец бесправно изградил викендичка на Попова Шапка

Тетовец доби кривична пријава за бесправно градење на државно земјиште. Како што соопшти МВР, А.Р. минатата година на Попова Шапка без документација си изградил викендичка на државно земјиште.
„Во текот на минатата година на Попова Шапка, на место викано Јелак, пријавениот во својство на инвеститор без да поседува соодветна документација изградил викенд-куќа на државно земјиште. На 11.1.2021, овластени службени лица од Попова Шапка на наведеното место забележале градежни работници како изведуваат градежни работи. Истиот ден, увидна екипа при СВР Тетово извршила увид на местото на настанот за што била изготвена документација“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во казино во Куманово играл со фалсификувани евра

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.Р. од селото Оровник, општина Дебарца, поради сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.
Како што информираат од МВР, пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра и на 31 октомври минатата година ја пуштил во оптек како вистинска во казино во Куманово, разменувајќи ја кај вработената на каса во денари.
Откако вработената се посомневала дека банкнотата не е вистинска ја проверила во најблиската менувачница каде ѝ било потврдено нејзиното сомневање.
Црна хроника
Жител на Могила со пиштол им се заканувал на соселани

Припадници на битолската полиција на 11 април го уапсиле 77-годишниот С.Е. од селото Могила.
Како што информираат од МВР, тој претходно со пиштол им се заканувал на неколку лица од селото.
По целосно документирање на случајот, против 77-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец починал на пазарот во Чаир

Во утринските часови на 11 април во скопската полиција било пријавено дека на пазарот во населба Чаир има починато лице.
Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 63-годишниот Љ.К. од Скопје.
Екипа од итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш