Црна хроника
Тетовската полиција поднесе кривични пријави против повеќе членови на навивачки групи
Тетовската полиција поднесе кривични пријави против петмина тетовци поради сторено кривично дело насилство, а кривични пријави за ист таков деликт се поднесени и уште против двајца скопјани, шестмина тетовци и еден малолетник од тетовското село Требош.
На 2 ноември, по повод прославата 30 години од формирање на навивачката група „Војводи“ од Тетово, првите петмина пријавени, движејќи се низ повеќе тетовски улици, извикувале навредливи пароли.
Еден ден подоцна, на 3 ноември, во периодот од 12 до 16 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот меѓу фудбалскиот клуб „Тетекс“ од Тетово и фудбалскиот клуб „Трим лум“ од Струга, како и за време на натпреварот, петмината пријавени тетовци, заедно со двајцата пријавени скопјани, извикувале навредливи пароли.
На 4 ноември, во периодот од 12 до 15 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот меѓу фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово и фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, другите шестмина тетовци заедно со малолетникот од Требош, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли, а пред угостителски објект на улицата Борис Кидрич како дел од навивачката група „Балисти“, пријавените фрлале со камења и стаклени шишиња кон терасата на објектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.