Контакт

Топ

Тешка сообраќајка во Горно Лисиче – две лица тешко повредени

Објавено пред

Синоќа на улицата 1523 се случила сообраќајна несреќа помеѓу „мерцедес“ управуван од Б.П.(41) од Скопје и „цитроен“  управуван од М.М.(30) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и малолетен сопатник во неговото возило, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Објавено пред

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која мерките треба да се спроведуваат земајќи го предвид индивидуалниот статус, а не ситуацијата со заразата на регионално ниво.

„Ова значи дека вакцинацијата на патникот, тестирањето или закрепнувањетоод Ковид-19, потврдено со валиден дигитален сертификат на ЕУ, треба да биде клучна одредница“, се вели на официјалната веб-страница на Советот на ЕУ.

Во објавата се посочува дека пристапот заснован на личност значително ќе ги поедностави правилата и ќе обезбеди дополнителна јасност и предвидливост.

Како што е наведено, оваа препорака ќе стапи на сила на 1 февруари, од кога рокот на важност на ковид-сертификатот ќе биде ограничен на 270 дена.

На веб-страницата на Советот е наведено дека важечкиот дигитален сертификат вклучува потврда за вакцинација, негативен резултат од ПЦР-тест или прележан ковид.

Што се однесува до потврдата за вакцинација, се наведува дека тоа е документ за примена вакцина одобрена на европско ниво, доколку поминале најмалку 14 дена и не повеќе од 270 дена од последната доза од примарната серија на вакцинација или ако лицето добило бустер доза.

„Земјите членки, исто така, би можеле да прифатат сертификати за вакцинација со вакцини одобрени од националните власти или СЗО“, се вели во препораките на Советот.

Вториот документ е негативен резултат од ПЦР-тест добиен не повеќе од 72 часа пред патувањето или негативен брз антигенски тест добиен не повеќе од 24 часа пред патувањето, а третиот е потврда за закрепнување што покажува дека не поминале повеќе од 180 дена од датумот на првиот позитивен резултат од тестот.

Од лицата кои немаат дигитален ЕУ ковид-сертификат може да се бара да се подложат на тест пред или најдоцна 24 часа по пристигнувањето. Децата под 12-годишна возраст, како и прекуграничните работници, се изземени од ова правило.

Како што беше најавено, ЕУ ќе продолжи да ја проценува состојбата во регионите, а т.н. механизам на итна сопирачка е задржан во случај на појава на нови варијанти или зголемена загриженост за ширење на вирусот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се самоизолирал додека го чекал резултатот туку се појави на прославата на Водици.

Од МВР велат дека кривичните пријави против охридскиот градоначалник, но и против секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, до Обвинителство се поднесени денеска.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, СВР Охрид до надлежното Обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид.

Пријавените, на 19.1.2022 година се тестирале за дијагностицирање на коронавирус и наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник Богојавление – Водици одржана во Охрид“, соопштија од МВР.

Градоначалникот Кирил Пецаков веќе изјави дека не се изолирал оти се тестирал за зимување во Банско, Бугарија, а по два дена го повторил тестот и добил негативен резултат, но и покрај тоа го почитувал добиеното решение за изолација и не заминал на зимување.

Секретарот Александар Китески, пак, кој се тестирал заедно со градоначалникот и тој добил позитивен резултат, а подоцна и негативен, изјави дека се сомнева дека некој им ги подметнал позитивните тестови.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Објавено пред

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија го изразија задоволството од остварениот успех со формализирањето на петте работни групи во повеќе области кои ја поставија основата за заедничката засилена соработка меѓу двете земји во иднина.

„Навистина и јас сум задоволен од денешните состаноци. Имавме пленарна средба, но уште поважно е што самите министри работеа во работни групи на конкретни проекти и идеи коишто треба да се развиваат во наредниот период“, истакна премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција.

Првата група ќе обезбеди соработка во економската област, особено во делот на енергетиката, трговијата, инвестициите, туризмот, земјоделието.

Покрај министрите од економските ресори, оваа група ќе се прошири и со претставници на државни агенции, стопански комори, бизнис-кластери и други засегнати страни. Со тоа ќе се обезбеди сестран пристап за да се искористи нашиот огромен заеднички економски потенцијал.

Втората група ќе ги покрива областите од инфраструктурата, транспортот и другите форми на поврзување.

„Тоа е важно за бизнисот, за граѓаните, за целото општество и претставува клуч за нашата заедничка европска иднина“, рече Ковачевски.

Премиерот уште додаде дека покрај на Коридорот 8, како најголем инфраструктурен проект за поврзување на двете земји, оваа група ќе работи и на отворањето на авионската линија меѓу Скопје и Софија и на олеснување на севкупниот патен транспорт.

Оваа група ќе ја зајакне и соработката во телекомуникациите каде најважен проект е намалувањето на цената на роамингот.

Од третата група која е за европските интеграции и зелените политики се очекува примена на искуството од европските интеграции на Бугарија заради тоа што таа е веќе 15 години членка на ЕУ, а соработката во рамките на науката, културата и образованието преставуваат основа за градење долгорочна доверба меѓу граѓаните на двете земји, како и зближувањето меѓу младите е задача на четвртата група во која ќе членуваат соодветните ресори.

„Предвидено е воспоставување научни конференции, особено во делот на природните науки, каде што ќе може да се унапредува техничкото и знаењето во другите природни науки што многу влијае на развојот на економијата и индустријата“, подвлече Ковачевски.

Петтата група е Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања, а копретседавачите на Комисијата, професорите Ѓоргиев и Димитров оствариле средба за да го потврдат календарот и динамиката на средбите во 2022 година.

Бугарскиот премиер Петков во својата изјава истакна дека заедничката седница ја оценува како исклучително успешна. Во таа насока се потпишаните меморандуми и декларации за соработка кои ја потврдуваат волјата за брзи и квалитетни решенија во различни области за унапредување на вкупните односи меѓу двете земји.

Како посебно важна, Петков ја издвои заложбата двете влади да покренат заедничка иницијатива Коридорот 8 да се врати меѓу приоритетите на ЕУ.

Бугарскиот премиер дополни и дека е значајно што и Историската комисија ја договорила динамиката и календарот за да се затворат прашањата што се отворени подолг период.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија3 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија3 часа

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија4 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија5 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија5 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија7 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија8 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија8 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет8 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет9 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет18 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет20 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија24 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија24 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа1 ден

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија1 ден

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија1 ден

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија1 ден

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија1 ден

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Досие